Според најновата одлука на РКЕ, од вечерва на полноќ цената на дизел горивото на пумпите ширум земјава е пониска за 2,5 денари, додека цената на бензините остаnува на нивото одредено со претходната одлука на Комисијата…
Од вечерва на полноќ дел од горивата ќе се продаваат по намалени, а дел по непроменети цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Регулаторната комисија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,08% во однос на одлуката од 30.1.2023 година.
Според одлуката на РКЕ, од полноќ цената дизелот се намалува за 2,5 денари за литар, додека цените на бензините остануваат исти и нема да се менуваат.
Па така, литар дизел од полноќ ќе чини 82 денари, бензинот еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, додека пак литар бензин еуросупер БС-98 ќе чини 86 денари.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,648%, кај дизелот за 4,145%, кај екстра лесното масло за 4,165% и кај мазутот зголемување за 0,451%.