Од превоз на бала сено до торби за голф: Како капак на багажник ја запали искрата на револуцијата

„Направете ми автомобил со голем багажник!“ беа зборовите што Пјер Драјфус, извршниот директор на Renault во периодот од 1955 до 1975 година, ги упатуваше до неговите дизајнерски тимови задолжени за конструкција и дизајн на Renault 4 и се „роди“ икона на четири тркала, што и денес има значајна улога во концептот на патната мобилност…

Ова необично возило беше предодредено да влезе во историјата благодарение на карактеристиката која денес можеби изгледа безначајна, а која во време кога беше воведен за да поттикне вистинска мала револуција – капакот на багажникот. Со вкупно пет врати и рамен под, Renault 4 беше седан, караван и комерцијално возило во едно. Капакот на багажникот беше монтиран во тоа време за полесно да се ставаат бали сено во Renault 4, додека луѓето денес го користат за складирање патни торби и куфери во нивното Mégane Conquest.

Хјуг (Hugues ), главен извршен директор на Renault Classic, ја коментираше компактната револуција што ја лансираше Renault.

Renault 4 беше претставен во 1961 година, во време кога Французите почнаа да мигрираат од селата во градовите. Сепак, мрежата на јавен превоз не можеше да ги задоволи сите потреби на жителите на периферијата на градовите. Така се појави желбата за возило што е подеднакво погодно за село и за град, за пазарење и возење до работа. Во тоа време сè поголем број жени биле вработени, а куповната моќ на домаќинството почнала да расте.

Автомобилот кој наскоро ќе се прослави како „четворка“ во овие околности се покажа како совршено, секогаш достапно решение за патниците во град и секако за селското население – благодарение на скромниот капак на багажникот! „Капакот на багажникот ја зголеми модуларноста на ентериерот и на тој начин направи пресвртница во автомобилската индустрија.

Врата до слободата

Поради петте врати, Renault 4 набрзо прерасна во општествен феномен. Пјер Драјфус (Pierre Dreyfus), главен и одговорен за овој проект и директор на Renault од 1955 до 1975 година, им објаснил на своите тимови дека сака голем товарен простор во овој автомобил кој, при што исто како и фармерките, да им одговара на сите луѓе, без разлика на возраста и класата.

Имајќи предвид дека во изминатите 30 години Renault 4 продаде повеќе од осум милиони примероци во повеќе од сто земји, можеме да заклучиме дека неговата желба е исполнета.

„Капакот на багажникот на четворката беше добро прифатен од публиката (купувачите) и претставуваше „ветар во грб“ на новиот модел “, додава директорот Хјуг.  „Овој чудесен изум резултираше со автомобил кој беше и лимузина, караван и комерцијално возило.

Капакот на багажникот го олесни внесувањето на предметите во Renault 4: почнувајќи од бала сено до опрема за кампување или што и да бара начинот на живот на клиентите. Потоа, петтата врата овозможи поголема модуларност на ентериерот, па инженерите и дизајнерите на Renault имаа можност да го создадат првото во серијата „возило за живот“.  „Капакот на багажникот ги охрабри инженерите да излезат од рамката што ја бара традиционалната структура на возилото: „хауба – патнички простор – багажник““, објаснува Хјуг.

„Петтата врата даде поголема слобода во поглед на дизајнот. Капакот на багажникот беше поттик да се создадат нови видови возила како што се мини комбиња (моно – волумени ) и теренци (SUV модели).

Елемент применлив за целата понуда

Капакот на багажникот се покажа како клучен за успехот на Renault 4, па марката реши да го вгради во своите повеќе традиционални модели – семејни седан изведби со класични багажници. Воведен во 1965 година, Renault 16 беше претходник на досега невидената револуција која ги најави идните компакт модели од високата класа. Ако погледнете малку подобро, Renault 16 всушност беше поголема верзија на Renault 4 – двата модели беа компактни со пет врати и исклучително приспособлива задна клупа.

„По Renault 16, сфативме дека ништо не не` спречува да го поставиме капакот на багажникот стандардно во семејните автомобили и моделите од повисоката класа“, рекол Хјуг, извршниот директор на Renault Classic. Всушност, секоја верзија беше погодна за вградување на капакот на багажникот, од седан преку купе до градски автомобил. Renault започна да развива низа компактни модели, како што се R20, R30, Fuego, R25 и R11.

Компактите дојдоа во центарот на вниманието кога браќата Маро победија на релито Париз-Дакар со Renault 20 во 1982 година.

Како што е направено за Megane Conquest

Megane Conquest е најважниот модел во гамата на Renault.

„Капакот на багажникот одлично се вклопува во ова возило, што е совршена комбинација на теренец и седан“, продолжува Хјуг.

„Тоа е совршена платформа за дизајнерите бидејќи им овозможува да создадат елегантен и елегантен дизајн кој им нуди на клиентите многу посакувана удобност.

Внатрешноста на Megane Conquest се одликува со простран и достапен распоред со повеќе товарен простор од самиот багажник.

Накратко, овој модел е идеален за превоз на торби за голф, а ви останува место и за бала сено!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga