Од РКЕ донесоа одлука за задржување на актуелните цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажната цена на горивата според која цената на нафтените деривати останува непроменета со таа што важеше минатите седум дена…

Од РКЕ минатата недела се одлучија да ги поскапат горивата во нашата земја, односно бензините поскапеа за два денари, додека пак дизелот за половина денар.

Но промени за наредниот период од седум дена во однос на овие гориво во малопродажбата нема да има.

Тоа значи дека цените не се менуваат, односно остануваат на истата одлука која беше утврдена на 21.09.2020 година.

Така во наредната недела на бензинските пумпи ќе се точи Еуросупер БС-95 за 60,50 денари по литар гориво, односно Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 62,50 денари.

Цената на Еуродизел исто така останува нема да биде променета и ќе биде на  минатонеделното рамниште, а тоа значи дека ова гориво ќе се танкира по цена од 49,50 денари за литар.

Од РКЕ истакнуваат дека одлуката за зголемувањето на малопродажните цени на горивата во просек од 0,28 проценти се однесува исклучиво на зголемувањето на референтната цена на мазутот.

Поради тоа само за овој нафтен дериват има поскапување во однос на цените од минатата недела, а кај другите нафтени деривати цената останува непроменета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бракот на РSA и FCA добива „амин“ и од европските власти

Понудата на Dacia драматично се менува

Цената на бензините продолжува да паѓа 

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста