Од РКЕ повторно ги поскапеа горивата

Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пристигна одлука за ново зголемување на малопродажната цена на горивата во нашата земја…

Од РКЕ соопштија дека од вечерва на полноќ ќе важат нови, поскапи цени за горивата. Според методологијата за пресметување на малопродажните цени на горивата, од вечерва на полноќ цените ќе се зголемат за 1,05 %, во однос на минатонеделните.

 

Со тоа цените за Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Еуродизел ќе се зголемат за половина денар.

Според ова, Еуросупер-95 ќе се продава по цена од 61 денар по литар гориво, Еуросупер-98 по 63 денари, а еден литар Еуродизел по цена од 52 денари.

 

Новите цени стапуваат на сила по полноќ и ќе важат до следната недела.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ го посочуваат зголемувањето на референтните цени на бензинот во просек за околу 2,574 % и за околу 1,568 % на дизелот во последните седум дена, како и за 0,175 % повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !