Од SEAT 127 до SEAT Ibiza: 50 години еволуција на возење

“SEAT 127, кој пристигна на пазарот во 1972 година, продаде повеќе од 1,3 милиони примероци и стана најпродаваниот модел на SEAT на сите времиња до доаѓањето на Ibiza, која по пет генерации се уште ја држи таа титула со повеќе од 6 милиони пласирани примероци….

Оваа 2022 година, половина век по лансирањето на малиот градски автомобил „127“, овие два модели, важни во нивните епохи во однос на технологијата, дизајнот и безбедноста, за прв пат заедно се појавија на патот.

Два модели кои не можат да бидат поразлични – контрастна големина, прави линии наспроти заоблени форми, тркала од 13 инчи наспроти 18 инчи. Тешко е да се замисли дека Ibiza е потомок на 127.

„Со цел кон младата демографија, 127 беше достапен во пет бои и за прв пат вклучуваше заден отвор за зголемување на носивоста“, рече Исидре Лопез (Isidre Lopez), шеф на колекцијата на историски автомобили SEAT. „Со своите пет врати и девет бои, Ibiza продолжува да биде омилен автомобил за помладата генерација“, нагласува Уве Алслебен (Uwe Alsleben), инженер за истражување и развој на SEAT.

Две мали автомобили со голема внатрешност

И покрај малите пропорции, патничкиот простор на 127 беше навистина простран. „Благодарение на доброто искористување на просторот и каросеријата, 80% од автомобилот беше погодна за патниците“, објаснува Исидре.

Ibiza, од друга страна, успеа да ја задржи просторноста како карактеристика, а во исто време да го вклучи клучниот елемент на денешницата – инфо – забавата.

Така, Ibiza може да се пофали со дијагонален екран до 9,2 инчи, или 20% поголем од четвртата генерација, како и дигитален кокпит од 26 cm.

Единствениот начин да комуницирате со вашата околина во 1972 година беше преку прозорци.

Во Ibiza, комуникацијата оди многу подалеку, што го прави 100% поврзан автомобил.

„Системот Full Link ви овозможува да ги поврзете вашите паметни телефони со автомобилот, додека SEAT Connect овозможува постојан пристап до Интернет и ја опфаќа сета интеракција внатре и надвор од возилото“, вели Уве.

Скок во безбедноста

„127 беше првиот автомобил SEAT опремен со безбедносни појаси co три точки и првиот со погон на предните тркала, што го направи безбедно и лесно за возење“, објаснува Исидре.

Сепак, иако беше еден од најбезбедните автомобили во своето време, не може да се спореди со напредните системи од петтата генерација на Ibiza, како што се системот за поддршка за промена на лентата, функциите за препознавање на замор, адаптивната контрола на патувањето и препознавањето на сообраќајните знаци.

Осветлување на патот

Една од главните иновации vo осветлувањето на 127 беа неговите правоаголни фарови, што е промена од тркалезните предни светла од претходните модели.

„Ова овозможи поголема светлосна ефикасност и помодерен изглед“, нагласува Исидре.

Светлосни години напред, „Ibiza има Full LED технологија, со препознатливи триаголни бели светла, како и амбиентално осветлување во внатрешноста“, вели Уве.

„Пред 50 години, SEAT 127 почна да го осветлува патот што денес и припаѓа на Ibiza“, вели Исидра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Bentley Dezervator со лифт го искачувате автомобилот на кат во гаражата до станот

Porsche Vision Gran Turismo Spyder

Која автомобил најчесто се појавува во филмовите

Hennessey Venom F5 Roadster

Lucid Air Sapphire

Електричниот Zeekr 001постави нов рекорд во дрифт за EV

Aston Martin V12 Vantage Roadster

Британец бил сопственик на дури 55 автомобили на FIAT

Czinger 21C V Max