Од сега на пазарот и Audi Q8 plug-in hybrid верзија со 456 КС

Од Audi на пазарот ја лансираа plug-in хибридната верзија на спортскиот SUV модел Q8, која е достапна во две изведби и нуди до 47 км автономија возејќи исклучиво на струја…

Германскиот бренд ги претстави Q8 55 TFSIe Quattro и Q8 60 TFSIe Quattro, plug-in хибридата верзија на конвенционалниот SUV. Двете верзии се напојуваат со 3,0-литарскиот TFSI V6 мотор на Audi во комбинација со електромотор. Овој погонски склоп пристигнува со осумстепен автоматски менувач.

Audi сега ги отвори нарачките за новите Q8 55 TFSIe и 60 TFSIe, а цените стартуваат од 75.351 евра во Германија.

55 TFSIe Quattro нуди комбинирани 381 КС и 600 Nm максимален вртежен момент, додека помоќниот Audi Q8 60 TFSIe Quattro нуди 462 КС и 700 Nm максимален вртежен момент.

Двата модели можат да достигнат максимална брзина од 135 километри на час во електричен режим. Спринтот од нула до „стотка“ се стигнува за 5,8 секунди кај послабата варијанта, додека помоќната стигнува за 5,4 секунди. Максималната брзина кај двата модели изнесува 240 километри на час.

Хибридниот систем се одржува се карактеризира со 17,8 kWh литиум-јонска батерија, која е инсталирана под багажникот. Покрај електричниот, хибридниот и Auto возачките режими, plug-in хибридниот Audi Q8 исто така има и Hold режим, кој ја штеди батеријата за подоцнежно користење, како и Charge, кој ја полни батеријата што е можно повеќе при возење, користејќи ја максимално силната рекуперациска моќ на системот која може да достигне до 80 kW при сопирање.

Полнењето на батеријата на новиот plug-in хибриден Audi Q8 TFSIe трае околу два и пол часа при максимален полначки капацитет од 7,4 kW.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS