Од Волфсбург со тизер го најавија VW Golf 8R

Штотуку пишувавме за Golf GTI Clubsport, сега од Volkswagen го насочува фокусот кон уште помоќен жежок hatchback, поточно кон најмоќниот модел во понудата, Golf R…

Од Volkswagen за прв пат објавија тизер за Golf R, а судејќи според прикажаното во видеото, премиерата на најмоќниот жежок hatchback на германскиот бренд ќе се случи на 4 ноември, барем така стои на специјализираниот R канал на социјалните медиуми.

Интересно, во истиот видео клип се појавува и T-Roc R , моќен crossover кој е дел од проширената перформансна постава на Volkswagen која исто така е сочинета од брзински варијанти на Arteon, Tiguan и Touareg R.

Нема многу тајни кога станува збор за тоа што ќе се најде под хаубата, со оглед на тоа дека се очекува Golf R да го користи истиот 2,0-литарски турбо бензински мотор како и Arteon R и Tiguan R.

Моторот во овој случај ќе испорачува 316 КС и 420 Nm максимален вртежен момент во комбинација со DSG менувач.

Постоеја најави дека VW сака да го искористи моторот на Audi, но наводно челниците на „четирите прстени“ рекле не, поради што Volkswagen се задржува до својот 2.0 TSI мотор.

Интересно, според некои информации и шпиунски фотографии, Audi сепак сака да го сподели својот 2.5 TFSI погон, со оглед на тоа дека наводно пристигнува Cupra Formentor со 400 КС.

Како и да е, по официјалната премиера следниот месец, новиот Golf R најверојатно ќе се најде во продажба во првата половина на 2021 година во Европа. и за разлика од регуларните верзии на популарниот компактен hatchback, R изведбата ќе се нуди и на пазарот во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт