Од Waymo најавија автономно возила без контролен возач!

До своите клиенти Waymo неодамна испрати известување дека возилата без возач се многу блиску до реалност на патиштата, a станува збор за автомобили што зад управувачот нема да имаат дури ни контролен возач (човек)….

Во писмото не е прецизиран датумот кога тоа би можело да се случи, бидејќи во дописите стои дека автомобилот без возач на корисничката адреса би можел да стаса „наскоро“ .

Возилата, секако, ќе стасаат само до тие кои во тестирањето на автономните автомобили учествувале уште од самиот старт, а корисниците на кои ќе им биде испратено новото автономно возило за тоа претходно ќе бидат известени преку апликација, за да знаат што да очекуваат.

Тоа значи дека се уште нема да биде можно на сопствена иницијатива да се нарача целосно автономен автомобил, и дека правилата се уште одредуваат придружба – човек возач контролор.

На корисниците им се препорачува во случај на проблеми да го контактираат агентот за поддршка, a се уште се очекува компанијата да ги објави сите поединости за оваа етапа од тестирањето, со цел да се дознае бројката на потполно автономните автомобили, како и деталните правила за однесување за време на возењето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha

BMW M2 (2021): нов ултра-спортски дериват на баварскиот компактен тркач