Светската премиера на „неговото височество“ кралот Golf во осма генерација, ќе се одржи на 24 октомври, тековната 2019 година во матичниот град на компанијата – Волфсбург …
Ако постои автомобил кој може да ја понесе титулата хит за сите времиња или сликовито кажано evergrin и воедно да е bestseler, тогаш тоа е Volkswagen Golf.
Постојано, без прекин се развивал од генерација во генерација и своето име го изградил ширум нашата планета, за што многупати сме пишувале во претставувањата на претходните генерации, во тестовите за неговите различни изведби, технолошките иновации…
Сега, за две недели, поточно на 24октомври тековната 2019 година, Volkswagen ќе ја претстави новата, осма генерација на кралот во компактната класа на светска премиера во седиштето на компанијата во Волфсбург ( Wolfsburg):.
Автомобилот содржи повеќе дигитализација и поврзување од кога и да е претходно, иама многу експресивен дизајн, а со себе носи уште и по некоја иновација…