Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Испораките на долгоочекуваниот електричен crossover модел Ford Mustang Mach-E е одложен за неколку европски земји поради пандемијата од корона вирусот што ги затвори продажните салони но и погоните за производство на два месеци, па и подолго…

Европските купувачи ќе мораат да се бидат трпелливи уште извесно време за да го добијат електричниот crossover на Ford Mustang Mach-E, a според информациите, испораките се поместени за 2021 година во голем број европски земји.

Потсетуваме, Ford планираше со Mustang Mach-E да дебитира во Европа во текот на оваа година.

Сепак, во пораките испратени до клиентите кои го нарачале својот електричен crossover потврдија дека поради општата ситуација предизвикана од здравствената криза ширум светот, принудени се да ги одложат испораките за следната година.

Членовите на Mach-E клубовите од Велика Британија, Франција и Холандија во последните денови примиле мејлови со кои се потврдува оваа вест.

Одложувањето воопшто не треба да претставува изненадување бидејќи голем број на автомобилски производители доцнат со своите премиери и испораки на новите модели поради пандемијата на корона вирусот.

Кога станува збор за купувачите во САД, Ford неодамна издаде соопштение во кое се истакнува дека испораките на Ford Mustang Mach-E се уште се планираат за оваа година, иако постои сомнеж дека тоа би можело да се случи пред последниот квартал од годината.

Иако Европа требаше да ја има честа прва да го добие електричниот crossover на Ford, изгледа дека на крајот тоа нема да се случи, барем не во сите европски земји.

Во меѓувреме, Ford работи на завршните детали на електричниот Mustang Mach-E.

Имено, пред неколку недели беше објавено дека Ford Mustang Mach-Е ќе се полни за околу 30 %и побрзо од претходно проценетото време за полнење на батериите.

Поточно, во Ford велат дека верзијата со погон на задните тркала може да достигне домет од 100 км за само 10 минути полнење на станиците за прзо полнење Electrifi America DC.

Моделот со погон на сите четири тркала со проширениот нов домет за 10-минутно полнење може да достигне 94 км.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Škoda Scala Spider станува Slavia и потсетува на првите почетоци на марката

Jeep Renegade Orange Edition

Cupra Formentor e новиот официјален автомобил на ФК Барселона !

„Воскреснатиот” Aston Martin DB5 чини само 2,75 милиони фунти!

Фудбалерите на Баерн Минхен ќе возат електрични автомобили на Audi

Промотивно видео Rolls Royce Wraith Kryptos Collection Car

Tesla ја надмина вредноста на Toyota и стана највредна автомобилска марка

Storie Alfa Romeo, 10 епизода – Giulia и Stelvio се одраз на 110 години италијанска извонредност

Porsche 911 Turbo S или Taycan Turbo S…?