Официјален тизер за Cupra Leon во пресрет на дебито

Новата перформан креација на шпанскиот дбренд – Cupra Leon конечно ќе ја има својата светска премиера на 20 февруари годинава, а Шпнците „излегоа“ со првите  детали заедно со објавување на  првиот тизер…

Работите одколу лансирањето на новата генерација на Cupra Leon финишираат, а перформансниот бренд на Seat се подготвува за премиерата на новиот жежок hatchback.

Потсетуваме, презентацијата е заажана за 20 февруари на инаугурацијата на Cupra Garage, а дебито пред широката јавност ќе биде две недели потоа на салонот за атомобили  во Женева, додека во продажните салони би требало да пристигне на крајот на тековната 2020 годинава.

Шпанскиот перформанс е дел од VW семејството и е под „ккапат“ на Seat, го подготви првиот Leon во историјата кој ќе го носи амблемот на Cupra како независен бренд, автомобилот има hatchback форма на каросерија , а ќе се појави и во караван изведба.

Leon Cupra беше бестселер, со речиси 44.000 продадени единици во последната генерација“, вели Вејн Грифитс, извршниот директор на брендот. „Со лансирањето на новиот Cupra Leon, ќе го засилиме брендот Cupra, давајќи му нов идентитет на веќе препознатливиот автомобил. Новиот Leon е ‘Кралот на сите модели на Leon“.

Од компанијата исто така потврдуваат дека новиот перформансен Leon ќе стане првиот модел од серијата кој ќе биде достапен и со plug-in хибриден погон. Минатата година, Грифитс откри дека PHEV системот ќе комбинира 1,4-литарски турбо бензински мотор со електричен мотор за вкупна моќност од 241 КС.

„Развиен да стане референтна точка во сегментот“ новиот модел на Leon од Cupra ќе има корист не само од моќниот електрифициран мотор, туку исто така ќе добие и подобрувања во перформансите, вклучително и поцврст систем на потпирање, поголеми сопирачки и унапредено управување.

Врвот –кулминација на оваа генерација на Cupra Leon ќе биде целосно електричниот тркачки автомобил Cupra e-Racer.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ferrari Portofino M -„Пропнатото коњче“ блеска и во време на криза!

BMW 128ti новиот жежок хечбек на Баварците

DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Mitsubishi со тизер го најави Eclipse Cross

Dacia најави SUV со 7 седишта за 2021

Nissan го претстави новиот Z Proto

Новиот Hyundai Tucson се разоткри пред јавноста

Jaguar F-Pace доби свое освежување

Новата Mercedes C Class може да и зададе многу грижи на баварската Series 3