Официјално претставен електричниот Mercedes EQA

Како што пишувавме пред некој ден Mercedes денес и официјално го претстави EQA, својот најмал електричен автомобил досега и влезен модел во поставата на семејството EQ…

Базиран врз Mercedes GLA, новиот EQA дебитира во форма на базичниот EQA 250 кој користи електричен мотор со 190 КС и 375 Nm вртежен момент, додека погонот е на предните тркала и користи 66,5 kWh литиум-јонска батерија. Најмалиот електричен автомобил на компанијата се уште го нема комплетирано WLTP тест циклусот, но од Mercedes велат дека EQA 250 нуди опсег на движење од 426 км со полна батерија.

Секако, по претставувањето на EQA 250 ќе пристигнат и повеќе варијанти на новиот компактен електричен crossover.

Германскиот производител истакна дека „работи на цело семејство на EQA модели“ кои ќе понудат опции со погон на предните и сите четири тркала, моќност од над 270 КС за „топ“ изведбата во понудата, како и специјална верзија со автономија на движење од над 500 км според WLTP циклусот.

Како што се очекува, Mercedes EQA ја споделува истата каросерија како и GLA, со тоа што новиот електричен модел се карактеризира со црн панел наместо решетка, нови Full LED предни какои нови LED задни светла,  споени со LED светлечка лента, нови одбојници како и нови дизајни за тркалата изработени од лесна легура.

Во согласност на серијата, односно како дел од семејството EQ на автомобилот ќе можат да се сретнат сини акценти и детали на повеќе места.

Сличности со GLA моделот се отсликува и во внатрешноста бидејќи EQA го користи истиот изглед на централната конзола како и GLA, со тоа што разликата е во различните трим елементи и светлечки ефекти. Двата 10,25-инчни екрани се опционални, а во стандардната верзија доаѓа пар со големина од 7-инчни екрани.

Информативно – забавниот систем се карактеризира со „Navigation with Electric Intelligence“ систем кој е способен да ја одреди најбрзата рута со станици за полнење и може да реагира динамично на промени, како што се застоите во сообраќајот.

Покрај тоа  со Mercedes me Charge, купувачите ќе имаат пристап до мрежа од 450.000 AC и DC точки (места) за полнење низ 31 земја, земајќи ја во предвид тука и Ionity мрежата.

Новиот Mercedes EQA пристигнува и со 11 kW onboard полнач како стандарден и може да се полни со максимална моќност од 100 kW на станици за брзо полнење.

Покрај тоа во Mercedes велат дека кога електричниот crossover е приклучен на DC брз полнач, батеријатa на EQA кога е на капацитет од 10 проценти се полни до  80 % од капацитетот за околу 30 минути.

Помоќните варијанти на EQA кои ќе пристигнат подоцна ќе добијат и втор електричен мотор на задната оска, со што моделот ќе добие и погон на сите четири тркала.

Новиот EQA исто така пристигнува и со цела низа на безбедносни и системи за асистенција на возачот.

Продажбата на новиот Mercedes EQA ќе започне во Европа оваа пролет, а цените на пазарот во Германија ќе стартуваат од 38.540 евра, заедно со се тамошните поусти и субвенции за набавка на електрични автомобили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Tucson го помина тестот на северен елен со солидни 71 км/ч

Нови детали за иновативниот Hyperscreen дисплеј во EQS

Cupra Formentor и Polestar 2 на EuroNCAP Crash Test со максимални оцени!

Во Сингапур се тестираат автобуси во јавен сообраќај

Cupra започнув нова ера со Cupra Born

Ford разви панел за подобра видливост за патари и другите служби ноќе

Ducati Smart Jacket- елек со интегрирано воздушно перниче

Huawei влегува во автомобилски бизнис

Audi унапреди неколку PHEV модели со помоќни, поголеми батерии