Citroen се подготви добро пред празниците, објавувајќи дека новата серија од 1.000 „My Ami Buggy“ ќе биде пуштена во продажба на крајот на првиот квартал од 2023 година, што е добра вест за оние кои ја пропуштија можноста кога излезе првата верзија во продажба на 21 јуни кога сите 50 парчиња беа продадени за само 18 минути…
Оваа нова верзија на „My Ami Buggy“ ќе биде многу слична на првото издание, но со неколку изненадувања, кои детално ќе бидат објавени пред пролет, пренесуваат информативните агенции.
Со многу карактер, модерно и робусно, ова издание ќе биде покана да се играте во урбаната џунгла и да се живеете на поинаков начин на отворено – особено покрај море.
Вкус на морето што веќе ја одбележа историјата на стандардната верзија на Ami.
На пример, тој одигра улога во енергетската трансформација на островот Халки во близина на грчкиот брег: полицијата и крајбрежната стража го користат возилото Аmi.
Слично на тоа, седум единици Аmi се додадени во возниот парк на возила што ги користи полицијата и пристанишните тимови на островот Мадалена во Италија за да промовираат чиста мобилност.
Инаку, во октомври минатата година беа направени мали промени на батеријата на Аmi, така што таа сега работи поефикасно при студени временски услови.
Го подобри корисничкото искуство и отвори нови перспективи за други дестинации.
Со својот симпатичен изглед, Ami привлекува различни типови на возачи, од 14-годишни тинејџери до компании, на кои им е едноставен, безбеден и удобен начин за движење.
Бидејќи е толку практичен, задоволува многу потреби, без разлика дали е во верзијата со две седишта или, пак во комерцијалната верзија на „My Ami Cargo“.