Октански прстени.

Ако сте љубители на автомобили и размислувате да ја побарате раката на  својата поубава половина, тогаш овие венчални прстени инспирирани од автомобили може да ве интересираат, но како и да е не можеме да го гарантираме истото и за вашата подобра и понежна половина …

Според агенциските информации, специјалните прстени се создадени во соработка помеѓу компанијата Scrap Car Comparison и британскиот златар Едвард Флеминг (Edward Fleming).

Тие се направени од скапоцени материјали од стари катализатори и можат да бидат инспирирани од било кој автомобил.

Првите што беа произведени беа инспирирани од Mini Cooper, Lamborghini Huracan и Ford Fiestа.

Што се однесува до оној што наоѓа инспирација од Mini Cooper, тој доаѓа со црвени, бели и сини камења, и гравури на Union Jack (знамето на британската унија) околу нив.

Дијамантската форма е инспирирана од дизајнот на алуминиумските тркала Minilight од автомобилот, а клиентите дури можат да изберат и персонализирани гравури на внатрешната лента на прстенот.

Прстенот Ford Fiesta е направен од особено впечатливи дијаманти наменети за имитирање на фаровите на многу популарниот hatchback на компанијата со син овал во логото, и е завршен во нијанса на кралско сина боја – боја која најверојатно прво доаѓа на ум кога некој ќе ја спомене Fiesta.

Ако сакате нешто навистина посебно и ексклузивно, тогаш можеби прстен инспириран од Lamborghini Huracan е за вас.

Очекувано, достапен е во жолто -бела нијанса, а дијамантското опкружување е инспирирана од конфигурацијата на издувните цевки на италијанскиот супер автомобил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КIA EV6 на први тест возења

„Фатен во зум“ – новиот Ford Ranger

Volkswagen на ID. Buzz автономно амбулантно возили

Наскоро и Toyota Frontlander

Tesla Model 3 подобар од Audi A4, BMW Series 3 и Mercedes C/CLA во Германија

Stellantis со тизери најави пет концепти за престојната SEMA

Новиот Peugeot 3008 во SUV -coupe стил

Во еден салон на KIA може да купите бројни супер автомобили

Во пламен исчезна камион со 10 Corvette C8