Иако „живееше“ во сенка на VW Golf ривалот од Руселсхај веќе четврт век успешно опстојува на пазарот …
Пролетта 1998 година беше претставена втората генерација на Astra, веројатно нај препознатливата серија на компакти што на себе ја носат значката на Opel во вид на стилизирана молња во круг…
Во 1991 година, Opel го замени Kadetta со Astra, која веднаш стана бестселер. Astra F беше наследена од Astra G, првиот Opel со целосно галванизирано тело.
Имаше и проѕирни фарови H7 кои даваа 30 проценти повеќе светлина, а активната безбедност при возење беше обезбедена со ново развиената шасија DSA (Dynamic Safety Action).
Astra G беше претставена како хечбек со три и пет врати и како караван, а сите верзии имаа дизајн сличен на Coupe.
Набргу потоа следуваа, седанот со четири врати, coupe верзијата, комерцијално возило Astravan и Cabriolet, како претставници на сите каросериски стилови од тоа време.
Заедно со бројните каросерии, Opel тогаш беше значително посмел, нудејќи моќни верзии како што се Astra OPC и Astra V8 Coupé, кои се натпреваруваа во германскиот шампионат за туринг автомобили и 24-часовната трка на Нирбургринг.
Astra OPC првично имаше 160 КС, а потоа дури 192 КС.
За потсетување, во 2001 година, Opel на саемот за автомобили во Женева го претстави концептот на спортски автомобил Astra OPC X-treme 444 HP, кој ветуваше врвно забрзување до 100 km/h за 3,9 секунди, со можност за возење на нормални патишта.