Opel Insignia трета генерација со гени од  PSA од 2023 атакува на Superb

На платформата- EMP2 на францускиот автомобилски концерн РЅА, со „пеглана” аеродинамика (0,23), со турбо бензински и турбо дизел погонски агрегати моќни од 136 до 245 KС, како и со plug-in- хибридниот погонски систем повторно се враќа на сцена и се чини овој пат во вистинска топ форма да му конкурира на етаблираниот VW Passat…

Сензацијата на преминот на Opel под капата на производителот на автомобили од Франција –концернот РЅА, потоа неодамнешното здружување со FCA, ја изнедри новата Opel Corsa, базиран врз новата генерација а моделот Peugeot 208, што на почетокот на месецов се закити со титулата Европски  автомобил на 2020 година.

Тоа е само почеток бидејќи наредната 2021 година се очекува новата Opel Astra, што ќе иде изведена од Peugeot 308, a круната на сето тоа ќе биде новата, трета генерација на Opel Insignia, што се конструира по технолошкиот терк на Peugeot 508.

Потсетуваме Opel Insignia го слави својот 12 роденден, а стартуваше успешно со освојување на титулата Европски автомобил за 2009година, заменувајќи ја Opel Vectrа.

Моделот беше елегантен (што е и сега), солиден (помасивен од Passat), a преголемата маса проследена со комфор во задниот дел и го лимитираа успехот.

Втората генерација на моделот пристигна во 2017 година, со повеќе елеганција, но и малку полесна и подинамична, иако се уште коректно се продава, сепак е во сенка на Volkswagen Passat и на Škodа Superb.

Во подготовки е третата генерација на моделот, што ќе биде изграден околу платформата на концернот РЅА, позната под ознаката  EMP2, со зголемено учество на цврст и високо цврст челик, што покрај унапредувањето на комфорот и на аеродинамиката би требало и да ја редуцира вкупната маса на автомобилот за 75 кг.

Основниот „топлински мотор” ќе биде турбо бензинскиот со четири цилиндри и работен волумен од  1.6-литри, со директно вбризгување, надграден со 48-v (волтна) поддршка, во верзии со моќност од 163, до 245 KС (со дополнителна поткрепа од електричен мотор ).

Се слушаат и „шпекулации” дека идната Opel Insignia би можел да биде опремена и со турбо дизел агрегат, со работен волумен од 1.5литри – Turbo D, со моќност од 136 KS и посилен дизел со работен волумен од 2,0- литри – 2.0 Turbo D, со две верзии на моќност, со 163 KС и со 190 KС.

Богато опремена и преполна со сите можни гаџети  се очекува, на пазарот да се појави кон крајот на 2022 година и тоа како модел за следната 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?