Opel Omega X (2020) динамична креација изведена од Peugeot 5008

Ренесансата на производителот на автомобили од Риселсхајм, под капата на француската автомобилска група PSA, кон крајот на наредната 2020 година, ќе се отслика во понуда од дури шест SUV модели, почнувајќи од Лилипутанецот Adam Rocks па се до големиот SUV наречен Omege X…

Се повеќе се навестува и се потврдува дека Opel за Групата PSA била посакувана – одлична „невеста“, a неочекувано напредувала и профитирала и самата компанија од Риселсхајм ( Rüsselsheim).

Во низата на нови модели, кои есента тековната 2019 година, ќе ги лансира Opel, почнувајќи со новата генерација на популарниот градски автомобил  Corsа, е и третиот претставник во SUV семејството што е базиран врз францускиот адут моделот Peugeot 3008, носител на титулата „Европски автомобил на годината за 2017 година“.

Имено, по Opel Crossland X и Grandland X, кон крајот на 2020 пристигнува и Omega X, со што во портфолијото на производителот од Германија се враќа уште едно славно име..

По добро познатиот рецепт од и без многу филозофија,Французите  понудија унапредна ( секако) креација што е изведена од нивниот успешен голем „брат“, SUV моделот Peugeot 5008 .

Имено, како што пишува во својата информација специјализираниот автомобилски портал од Германија, Autozeitung.de новата креација од Риселсхајм ќе биде облагородена со наплив од напредни, дополнителни гаџети, а покрај тоа ќе има и унапреден погонски систем, односно сериски ќе доаѓа со 48V (Волтен) систем, заедно, со Start-Stop системот.

Очигледно е дека бракот со Французите и тоа како му „годи“ на германскиот бренд и опел со полни чекори граби кон посветла иднина, уфрлајќи во поголема брзина, проширувајќи ја својата понуда и освојувајќи нови пазарни сегменти.

Браво за Opel, и за неговиот „покровител“ групата РЅА...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четврта генерација Škoda Fabia (MY 2021) го покажа својот лик!

Новата Opel Insignia сјае со новата генерација на IntelliLux LED пиксел светло

Четвртата генерација на Audi A3 Sportback пристига вгодина!

Пристига Citroen C3 Aircross C-Series edition!

Во 2020 Opel Insignia добива освежување

Подновен Jaguar F –Type за 2021

Porsche 911 Hybrid над сите Porsche 911!

Audi RS 3 (МY 2021) со 410 KS

Прекрасниот crossover новиот Kia Xceed пристигна во Скопје