Opel останува без погоните во Риселсхајм и Ајзенах

Германскиот бренд со стилизирана мочња во логото, инаку во целосна сопственост на автомобилскиот конгломерат Stellantis, наскоро би можел да остане без две погони во својата земја – Германија… .

Според написите објавени во Ханделсблат (Handelsblatt) Opel најверојатно ќе мора да се откаже од фабриките во Риселсхајм и Ајзенах.  Наместо самиот Оpel, овие локации ќе ги управува Stellantis, кој на тој начин ќе може подобро да го прераспредели производството во целата група.

Треба да се потсети дека германската јавност неодамна беше вознемирена од веста дека фабриката во Ајзенах ќе биде затворена до крајот на годината и дека SUV моделот Opel Grandland нема да се произведува таму, пред се поради недостаток на микрочипови и полу проводници. Од Stellantis  за Ханделсблат изјавија дека овој потег ќе биде од корист за сите страни.

„Ова би обезбедило работни места на долг рок со поефикасна и флексибилна организација“, стои во соопштението на сеуште новоформираниот идентите во автомобилската индустрија.

Синдикатите на работниците во Германија предупредуваат дека Opel нема намера да започне со производство во Ајзенах во блиска иднина.

Во меѓувреме, SUV моделот Grandland ќе се состави во фабрика во Сошо, односно во Франција ( седиште на Peugeot).

Работниците на Opel стравуваат дека марката од Риселсхајм воопшто нема намера да го врати производството во Ајзенах, и тие исто така веруваат дека раководството од Stellantis ќе ги држи на одмор што е можно подолго време . Се чини дека тука Opel е во мала неволја, бидејќи минатата година потпишаа договор со синдикатите во кој гарантираа дека нема да има прекини на работни места во Германија до 2025 година.

Германскиот бренд наведува дека производството во Ајзенах повторно ќе започне во првиот квартал од следната година, доколку дотогаш се нормализира состојбата со набавката на проблематични електронски компоненти. Експертите посочуваат дека групацијата Stellantis има проблеми со преголемиот капацитет на своите фабрики и дека е сигурно дека ќе мора да има некои затворања.

Ова е спротивно на она што неодамна го кажа шефот на Stellantis, харизматичниот Карлос Таварес, истакнувајќи дека ниту една фабрика од поранешниот PSA и FCA нема да се затвори.!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период