Opel Повторно ќе го воведе под- брендот GSe за динамични модели

  • Модерен пресврт: GSe ќе се врати како динамичен, електрифициран под-бренд на Opel

  • Извршниот Директор на Opel, Florian Huettl: „GSe сега исто така значи Grand Sport Electric“

  • Сеопфатна електрифицирана понуда: од Corsa-e до Astra plug-in хибрид и Movano-e

GSe – три букви со многу јасна конотација за клиентите на Opel: високо опремени, спортски модели. Денес, со јасниот план на германскиот производител на автомобили да понуди електрифицирана верзија на секој модел во своето портфолио до 2024 година и да биде целосно електричен бренд во Европа до 2028 година, Opel го оживува и редефинира GSe како нов подбренд со врвна понуда. За разлика од минатото кога ознаката беше кратенката „Grand Sport Einspritzung“ (Grand Sport вбризгување) како на Commodore GS/E и на Monza GSE, таа ќе има ново значење во иднина.

„Многу сум среќен што можам да го објавам враќањето на GSe, спортски подбренд како наше врвно достигнување во гамата,. Повторно зедовме инспирација од нашето богато наследство – како што направивме за нашиот нов храбар и елегантен дизајн – и му дадовме модерен пресврт. Во иднина, ознаката GSe не само што ќе означува динамични, забавни автомобили за возење, туку и ќе претставува „Grand Sport electric “, во целосна усогласеност со нашите амбициозни планови да станеме целосно електричен бренд“, рече Извршниот Директор на Opel, Florian Huettl.

Покрај спортскиот изглед заснован на наградуваниот дизајн на Opel, идните клиенти на GSe може да се радуваат на поставување на шасијата за да обезбеди високо ниво на забава и атрактивно возење. И како и сите модели на Opel, линијата GSe ќе биде безбедна на автопат благодарение на опсежните тестирања по германските автопати.

Opel неодамна ја претстави Manta-e GSe, модерен изглед на легендарната Manta од 1970 година. Тоа покажува колку безвременски се линиите од 1970 година и денес. Она што беше скулптурно и едноставно пред половина век, сè уште совршено се вклопува со дизајнерската филозофија на Opel денес. Зазема моќен, јасен став и самоуверено започнува нова иднина: електрична, без емисија – полна со емоции. Opel Manta-e GSe е исто така креација во чест на прекрасната Manta A која неодамна беше инспирација за дизајнот на новото лице на брендот – Opel визорот, кој совршено ги интегрира во еден единствен модул: решетката, системот за осветлување и Blitz амблемот на брендот. Сите нови модели на Opel го имаат визорот – вклучувајќи ги новите Opel Astra и Opel Astra Sports Tourer.

Повеќенаградуваната Manta-e GSe, исто така, го следи „едноставниот електричен“ пат на Opel до електрификацијата на брендот, без разлика дали станува збор за патнички или лесни комерцијални возила. Секој модел на Opel ќе биде електрифициран до 2024 година, а купувачот веќе има избор помеѓу 12 електрифицирани модели денес, од plug-in хибриди како Grandland и Astra до целосно електрични возила со батерии, од малиот автомобил Corsa-e до Zafira-e Life „салон на тркала“ и од Combo-e Cargo до комерцијалното возило Movano-e.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz