Opel се враќа во Русија

Враќањето на рускиот пазар се очекува веќе во тековната 2019 година со три модели од понудата на производителот од Риселсхајм…

Тоа се моделите Grandland X, Zafira Life и Vivaro што во Русија ќе бидат достапни кон крајот на есента 2019-та.

Од наведените, Zafira Life и Vivaro Transporter ќе се произведуваат во фабриката во Калуга.

Во Opel не ги кријат своите офанзивни планови, па затоа овој потег и не претставува изненадување.

Во Opel сакаат постепено да го зголемуваат своето учество на пазарот во Русија во наредните години, a тоа вклучува и понуда на поширок асортиман за извесно време.

Подетални информации очекуваме да следуваат во текот на наредните месеци.

„Значаен пораст на нашиот профитабилен извоз е еден од клучните столбови на нашиот PACE! План на компанијата! На тоа подрачје остваруваме значителен напредок “, изјавил Михаел Лошелер ( Michael Lohscheller), генералниот директор на Opel.

Русија е голем, стратегиски важен и атрактивен пазар, со многу потенцијал. Како германска марка со долгогодишна традиција и извонредна репутација во во земјава од тоа ќе имаме корист.

Да се биде во состојба веднаш да се произведува на локално ниво e најдобар пример, колкаво е влијанието и важноста на PSA Групата во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW ги решил софтверските проблеми и продолжува со испораки на новиот Golf

Шпионски фотки на Mercedes GLC

Патниците во автомобили од пониска класа во сообраќајки гинат двојно повеќе од тие во повисока!

Renault и официјално доби државен заем, но останатите кармејкери од Франција не реагираат!

Honda глобално повлекува над еден милион возила!

Неизвесна судбината на Mitsubishi  на европскиот пазар

VW инвестира две милијарди евра во EV

Салонот за автомобили во Женева можеби засекогаш замина во историјата!

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи