Opel со се поголема важност на германскиот пазар

Раководството на Opel објави дека брендот продолжува со многу добри резултати на домашниот пазар, односно дека марката со стилизирана молња во логото, сега во целосна сопственост на автомобилскиот идентитет Stellantis, станува се „посилна“  во Германија…

Како што неодамна изјави првиот човек на марката од Риселсхајм, брендот Opel има посебно место во Stellantis, како единствен германски производител и со тоа го претставува столбот на таа групација во земјите од таа говорна област.

Opel индексираше околу 13.000 регистрации на домашниот пазар во ноември, што беше доволно за удел од 6,6%.

Интересно е што овој производител четиринаесет месеци по ред го зголемува својот удел на пазарот во Германија.

Кога станува збор за резултатите оваа година, од јануари до претходниот месец – ноември, Opel продаде повеќе од 147.000 возила во Германија, што е пак за 17.000 единици подобро од минатата 2020 година.

Успехот на Opel во домицилната земја во голема мера се заснова на добрите комерцијални резултати на дуото од сегментот В.

Имено, Corsa е најпопуларниот модел на оваа марка меѓу Германците.

Оваа година хhatchback моделот е доминантен во својата класа со испорачани 44.000 возила.

Посебно е важно што и EV изданието на Opel Corsa бележи добра продажба, па така во ноември, од 4.800 испорачани примероци, една четвртина користела струја за погон.

Во Opel верува дека на крајот на годината Corsa ќе биде лидер во сегментот В, како и еден од најпродаваните автомобили во Германија.

Дополнително, посочуваат дека на домашниот пазар очекуваат над 160.000 регистрации.

Извесно е дека германската марка ја очекуваат уште подобри денови кога ќе стартува и продажбата на новата генерација на Astra, која дополнително треба да ја зајакне својата позиција во Германија.

Ова добива на дополнителна тежина, особено кога се знае дека С сегментот, односно класата на компактните автомобили е нај популана на пазарот во Германија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година