Американската компанија за производство на електрични возила ќе мора да оди на суд…
Најголемата германска организација за заштита на потрошувачите, VZBV, поднесе тужба против Tesla пред судот во Берлин за, како што вели, погрешни реклами и кршење на прописите за заштита на податоците.
Оваа организација соопшти дека „Теslа“ ги мамела потрошувачите со погрешни изјави за тоа колку емисии на јаглерод диоксид заштедуваат со купување на електрично возило „Теslа“, пренесува Reuters.
Надзорниот режим инсталиран во автомобилите, кој има функција на снимање на околината, исто така ги прекршува законите за заштита на податоците, според VZBV.