Освежен Јaguar XE-повеќе луксуз и технологија за јуриш на тронот во класата

Со дотерана надворешност и со уште понапреден ентериер и во технолошка и во дизајнерска смисла британскиот автомобил доби моќни адути за да ја загрози доминацијата на новата генерација на BMW Series 3 во борба за тронот во класата

Подобрената и попривлечна надворешност дава јасен и концизен лик со впечатливо поагресивните предни и задни браници, напредните LED светла и задни светла со препознатлив LED потпис на марката Jaguar, познат од другите модели на овој производител.

Можеби поимпресивно делува уште по луксузната внатрешност во XE што сега содржи и: нов Touch Pro Duo информативно забавен систем од 12,3– инча во дијагонала големиот интер активен дигитален кокпит на возачот, што го споделува со електричниот модел I-PACE.

Во однос на погонската гама треба да се истакнат и поефикасните агрегати на внатрешно согорување, бензински и дизел, а како најинтересен, за пазарите во регионот секако е D180 единицата.

Станува збор за дизел мотор што прв во овој сегмент е во согласност со строгите  RDE2 NOx тестови за емисија на штетни гасови што на сила стапуваат од 2021 година.

Но, за повеќе технички детали ќе мора да почекаме до наредната недела и отворањето на големиот интернационален салон на автомобили што традиционално се одржува секоја година на почетокот на март, на брегот на Женевското езеро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW добива нов шеф доаѓа од директорската „фотељата” во Porsche!

За Ford Bronco нема непристапен терен!

Tesla подготвува уште еден pick-up, покрај Cybertruck

Infiniti станува Nissan plus!

Lexus IS ситно брои до глобалната премиера на новата гeнерација

10-те најпопуларни автомобили во Германија

Porsche Behind the scenes: Ново доживување за сопствениците на возил од  брендов

Првиот човек на Tesla ја доби првата исплата од oколу 800 милиони долари

Електричен Hercules Alpha