Освежен VW Passat за останување на тронот во сегментот

Освен естетските промени најголем напредок е направен во односот на технологиите …

Во Volkswagen напролет очекуваат реализација на вреден рекорд, производство на 30 милионити примерок на Passat.

 

Резултатот ќе биде полесно и побрзо постигнат и благодарение на денешната премиера на facelift изведбата на актуелната осма генерација.

Подновениот Passat доаѓа со најновите иновации на концернот. Новиот Passat ќе дебитира на претстојниот салон за автомобили во Женева, на почетокот на март. Првите нарачки се очекуваат во мај а испораките ќе стартуваат дури во септември…

„Travel Assist”  ја има премиерата во Passat што ќе биде првиот Volkswagen што е способен за делумно автоматизиран возење при секоја брзина (0 до 210 km / h) со тој нов IQ.DRIVE систем.

Освен тоа подновениот Passat исто така ќе биде и прв модел на марката со Travel Assist. Уште еден нов елемент за Passat e Assist Assistза управување во нужда, што ја зголемува сигурноста при изведување маневри  за одбегнување со помош интервенција на кочењето.

Новиот,  интерактивен IQ.LIGHT – LED матрикс предни светла ја претвораат ноќта во ден – тоа е иновациска светлсона технологија сега достапна само кај новиот  Touareg.

Освежениот Passat во GTE, plug-in хибрид изведба ќе понуди досег од 55 km само на струја.

А сите останати TSI и TDI единици ги исполнуваат нормите Euro 6d-TEMP.

И внатрешноста минала низ темелни промени. Виртуелниот кок-пит добил нов графички изглед,а и срдишната конзола е поелегантна со почисти тонови и изрази.

И уште една забелешка – Volkswagen веднаш го претстави Passat во сите достапни варијанти, па так и во Alltrack изведба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia Stinger GTS на салонот во Њујорк 2019!

КIA HabaNiro Concept изнанадување во Њујорк 2019

Hyundai Venue и официјално во Њујорк 2019!

Подновениот Audi R8 претставен во Њујорк 2019

Peugeot 508L PHEV со глобално деби на Шангај 2019

Глобална премиера на Porsche Cayenne Coupe во Шангај 2019

Renault City K-ZE електричен SUV промовиран во Шангај 2019

Шангај -светска промоција на првиот целосно електричен автомобил на Aston Martin

Во Шангај VW покрај Uz I.D. Roomzz concept и со SMV Concept и SUV Coupe Concept