Освежениот Hyundai Santa Fe пристигнува со plug-in хибриден погон

Детално обновениот Hyundai Santa Fe беше претставен пред речиси еден месец, но за време на дигиталната премиера беа објавени само општите детали…

Но деновиве, производителот на автомобили од Јужна Кореја Hyundai, реши да објави повеќе детални информации за темелно обновената, поради што некој ја викаат и „речиси нова“ генерација на познатиот, глобално SUV модел –  Santa Fe.

Имено, тоа е првиот модел на компанијата што ќе го користи новиот Smartstream мотор.

Станува збор за , 1,6-литарскиот турбо мотор што ќе се имплементира во Santa Fe хибридниот модел, каде ќе биде поддржан од страна на електромотор со 59 КС.

Моделот ќе биде достапен со погон на две, како и на сите четири тркала, а погонскиот склоп ќе испорачува вкупна моќност од 230 КС и 350 Nm вртежен момент.

Во понудата ќе се приклучи и plug-in хибриден погон, кој се потпира на истиот турбо мотор, но ќе пристигне со помоќен електромотор со 90 КС и 13,8 kWh литиум-јонска полимерна батерија.

Моќноста ќе се испорачува на сите четири тркала благодарение на шестстепениот автоматски менувач, а погонскиот систем ќе испорачува 265 КС и 350 Nm вртежен момент.

Како додаток, за оние кои не се подготвени да се префрлат на електрифициран автомобил, Hyundai исто така нуди и подобрена верзија на 2,2-литарскиот дизел мотор.

Но треба да се потенцира дека во споредба со моторот кој го заменува, новиот агрегат користи алуминиумски блок, нова брегаста оска и нов injection систем. Новиот мотор со четири цилиндри испорачува моќност од 202 КС и 440 Nm максимален вртежен момент.

Агрегатот ќе пристигне во комбинација со новоразвиениот осум степен автоматски менувач со двојна спојка.

Темелно освежениот Santa Fe ќе се најде во продажба во Европа во септември тековната 2020 годинава, а цените ќе бидат дополнително објавена пред стартот на продажбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyperion XP-1 Супер автомобил од другата страна на Големата бара

Audi официјално ги покажа новите S3 и како лимузина и како Hatchback

Најава: Ram 1500 TRX дебитира на 17 август

Конечно BMW M3 Touring!

Kia го покажа новиот дизајн за Stinger

Повторно „уловен” новиот VW Golf R

Toyota RAV4 Hybrid Black Edition-Полноќно црна!

Време e за електрична енергија: Новиот Opel Vivaro-e во продажба во Германија со цена од 26.650 евра со еколошки бонус

Lyriq -првиот електричен модел на Cadillac го напаѓа Tesla на домашна почва!