Освежување и неколку новини за Lexus LC 500

Јапонската премиум мара Lexus го освежи својот модел LC  со благо затегнување на брчките, но многу поважно од тоа е понудата на многу повеќе бои и опции, потоа намалената маса и конечно, воведувањето на Android Auto функцијата…

Моделот Lexus LC е автомобил што апсолутно се издвојува по својот впечатлив лик.Изв едбата на моделот за 2021 година,  од угледниот јапонски бренд, се надеваат, дека ќе придонесе да се издвојува уште повеќе и тоа со помош на новите бои, опции кога станува збор за тркалата и можеби по по-супериорните перформанси.

Иако, се наведува, моќноста останува непроменета, но автомобилот е со помала маса, без оглед на тоа дали се работи за изведба со стандардни мотри на внатрешно согорување или со хибриден погонски склоп.

Но, не треба ниту да се претера со очекувањата, бидејќи масата е намалена за околу 10 кг, што е остварено првенствено преку измената на системот на потпирање.

Новите попречни рамена се направени од нов материјал, додека 21-инчните тркала се нешто полесни, а тука ќе се потенцираме дека овој податок се однесува само за тркалата на задната оска .

Промените во системот на потпирање не се ограничени само на намалувањето на масата.

Имено, инженерите на јапонската премиум марка го унапредија овој систем за да обезбедат поудобно и покомфорно  возење во поострите свиоци, со поголеми брзини.

Тоа е постигнато со поголема крутост на задниот стабилизитор, додека пак, ре- калибрирана е и електронската контрола на амортизацијата.

Промените, кога станува збор за перформансите, во најголема мерка се однесуваат на Lexus LC 500h.

Ќе потсетиме “стандардниот” LC 500 има бензински V8 агрегат со работен волумен од 5.0 литри со 471 КС (351 kW) и 540 Nm вртежен момент. Доаѓа во комбинација со автоматска трансмисија со 10 степени на пренос на силата .

Располага со супериорни перформанси: Забрзување од место до 100 км/ч за 4,4 секунди и постигнување на топ брзина од 270 км/ч.

Хибридната верзија е опремена со 3.5 –литарски бензински мотор, со шест цилиндри поставени во форма на латинската буква  V, што доаѓа во комбинација  со електромотор што испорачуваат вкупна моќност од 354 КС и 348 Nm максимален момент на вртење.

Перформансите тука изнесуваат: Забрзување од 0 до 100 км/ч за 4,9 секунди и постигнува максимална брзина, електронски лимитирана на 250 км/ч.

Неговата автоматска трансмисија (Multi Stage Hybrid System) CVT менувач со десет степени на пренос на силата (со можност на мануелно менување на брзини преку лостовите зад воланот), добива логички промени во однос на начинот на кој автомобилот функционира.

Тоа, пак, во основа значи дека задржува извесен степен на пренос подолго кога возачот силно ќе ја притисне педалата за гас.

Исто така, се спушта во втор степен на пренос за поексплозивно излегување од острите свиоци.

Без оглед на тоа за кој модел станува збор, новите и атрактивни тркала со големина од 20-инчни  со фелни во  „темен графитен“ финиш сега се во понудата.

Двете нови нијанси под името „Cadmium“ портокалова и „Nori“ бисерно зелена се приклучуваат во палетата.

Во однос пак на уредувањето внатрешноста на подновениот премиум автомобил се потенцира, „Flare“ црвената кожа што ја заменува „Rioja“ црвената.

Тука има една малку полоша вест за тие што преферираат бела кожа во своето опкружување во премиум ентериерот, бидејќи таа сега е исфрлена од понудата.

Но, еден вид на мала сатисфакција за таа нивна “жртва ” е податокот дека, Lexus го унапреди и информативно забавниот систем во автомобилот со инсталирање на Android Auto функцијата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“