Освежување за Audi RS4 Avant со V6 и 444 КЅ

Audi го претстави освежениот  RS4 Avant, кој како модел за 2020 година доаѓа со изглед многу сличен на својот поголем брат RS6 Avant што е само бонус плус во засилување на офанзивата во неговиот сегмент…

Освежената верзија на Audi RS4 Avant е веднаш препознатлива и се разликува од моделот во заминување по ажурираните LED предни светла и опционалните матрикс LED светла со затемнети рамки, надополнто со ревидираната предна Singleframe решетка, што сега е со поширока но пониска форма, со сјаен црн саќе дизајн.

Во страничниот дел, измените се тешко забележливи, но компанијата вели дека лаковите на предните и задните тркала се 30 mm пошироки од обичните модели на A4 Avant.

Во задниот дел нов е браникот, дифузорот со огромните два издувни цевки и ажурираните светлосни уреди.

Внатрешноста, во центарот на управувачката табла поставен е 10,1-инчен MMI екран на допир, а пред возачот се наоѓа прекрасниот Virtual Cockpit дигитален инструмент кластер, додека управувачот е засечен на дното и обложен со материјал од Алкантара.

Кога говориме за погонската единица под моторниот капак, освежениот Audi RS4 Avant доаѓа со добропознатиот 2,9 литарски турбо бензинец со шест цилиндри во  V конфугурација, надграден со две турбини, со моќност од 444 КЅ и 600 Nm вртежен момент.

Тоа е доволно за топ перформанси: забрзување од 0 до 100 km/h за само 4,1 секунда.

Продажбата на спортскиот караван низ цела Европа ќе започне подоцна овој месец, а првите импортери ќе започнат со испорака во декември, со цена во германија, од  81.400 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition

Новата Toyota Hilux се подготвува за премиера во друштво на Фернандо Алонсо

Cross sedan Citroen C3L пандан на Dacia Logan

Novi BMW Serije 4 Coupe стаса предвреме !

Пристигнува Fiat Tipo Cross

Citroen C1 JCC+ манекенски шарм на „шевронот” во мини пакување

Најавен новиот Nissan Qashqai

Ford Puma ST-Line Vignale и Puma sa 1,5 литарски дизел мотор

Нов голем Citroen пристигнува во 2021