Освоувачи на олимписки медали од Русија наградени и со BMW crossover модели

Руската Федерација широко градо им се заблагодари на освојувачите на медали на неодамна завршените Олимписки игри во Токио со crossover модели на BMW се разбира со спецификации на опрема и бојата што соодветствува на медалот што спортистите го донесоа на земјата…

Олимписките шампиони и други добитници на награди добија како подарок нови crossover модели на BMW и тоа Х5 и Х3.

Автомобилите за успешните спортисти се подготвени од непрофитната организација „Фонд за поддршка на руските олимпијци“, а клучевите на спортистите им ги предаде Димитриј Медведев, еден од двајцата луѓе (покрај Путин) кои со децении ротираат како претседател и премиер министер на Руската Федерација.

Како што објави руската новинска агенција ТАС, церемонијата на која беа предадени клучевите од атрактивните изведби на четири тркала се одржа во саботата во Кремељ кога 77 млади луѓе доживеаја радост поради новиот автомобил.

При тоа 31 од нив се носители на златни олимписки медали.

Како што можете да претпоставите, освојувачите на златниот медал во Токио со нетрпение очекуваа поголем crossover на BMW, а тие што се закитија  со сребрени и златнаип медали добија BMW Х3.

Со тoа што, носителите на сребрениот медал добија подобро опремено издание на овој crossover  со средна големина на кармејкерот од Минхен.

Интересно е што секое BMW што пристигна имаше таблички со ознака на името на спортистот, но тоа ќе се смени кога возилата ќе бидат официјално регистрирани во надлежната полициска станица.

Како потсетување ќе спомнеме  дека руските спортисти кои настапија на арените во Токио, под знамето на Рускиот олимписки комитет, го зазедоа петтото место по бројот на освоени медали во вкупниот пласман на земјите што учествува на игрите….

Статистичарите констатираа 20 златни медали за репрезентативците на Русија, потоа 28 сребрени и 23 бронзени.

Цената на премиум возилото во голема мера зависи од погонот и нивото на опремата, но може да се каже дека верзиите со погон на сите тркала и мотори со со волумен од 20 и 25d -литри , со доста пристојно опремени, може да се купат за педесет или осумдесет илјади евра.

Ова не е првпат Дмитриј Медведев да им донесе радост на спортистите во животот на овој начин.

Кога завршија Зимските олимписки игри во Јужна Кореја, Медведев ги подели клучевите на BMW со тогашните освојувачи на медали.

Ваквите настани секогаш се организираат на церемонии за презентација.

За разлика од Русија, каде на олимпијците им беа доделени автомобили од германска марка, во Кина, на успешните спортисти им беа доделени луксузни креации на четири тркала од домашниот бренд Hongqi, кои инаку ги користат истакнати луѓе (партиски и државни лидери, како и богати бизнисмени) во таа земја.

Тука ќе наведеме дека цената на моделот X9 е целосно споредлива со возилата што ги добија руските олимпијци (имено кинескиот луксузен автомобил чини околу 49 илјади евра во најпрестижното издание).

Кинезите го поделија возилото како подарок само на освојувачите на златниот медал, додека останатите спортисти кои освоија сребрени и бронзени медали ги  добија автомобилите за употреба, но не и како нивна сопственост, за разлика од нивните спортски колеги од најголемата по поврѓина земја на нашата планета.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Октански прстени.

Škoda станува марка на непушачи!

Наскоро Boldmen CR 4

Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Citroën Ami потврден и за пазарот во Велика Британија

Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Новиот управувач на Tesla на тест- Појави сериозни безбедносни ризици

Нова Honda BR-V со 7 седишта

До 2025 година сите Taxi возила во Виена ќе возат на струја!