Bugatti беше принуден да ги повлече моделите Chiron Pur Sport поради проблеми со гумите на задните тркала….
Станува збор за можност за создавање на пукнатини на задните гуми по 4.000 километри.
Овие пукнатини може да доведат до брзо губење на притисокот во гумите, што не е добро за ниту еден автомобил, особено за Bugatti, чија максимална брзина е астрономски 350 km/h.
Ова отповикување е особено интересно бидејќи Bugatti соработуваше со Michelin на развојот на гумите Cup 2 R.
Станува збор за гуми со димензии 355/25 поставени на тркала од 21 инчи, така што нема избор во случај на замена.
Засега „решение“ е да се сменат гумите по 3.000 километри или година и пол.
Bugatti ќе продолжи да ги менува гумите целосно бесплатно додека не развие гума што нема да го има споменатиот проблем.