Отповик на McLaren Artura поради истекување на гориво и опасност од пожар

Новоименуваниот извршен директор на McLaren, Мајкл Лајтерс, ги стопираше испораките на Artura по преземањето на функцијата пред неколку месеци за да ги реши проблемите со квалитетот…

Сепак, духовите од минатото продолжуваат да ја прогонуваат марката бидејќи Националната управа (администрација) за безбедност на сообраќајот на автопатите веќе издаде повлекување на хибридниот супер автомобил.

Како што објави специјализираниот портал Motor1, овој проблем може да го имаат не помалку од 164 возила и ќе мора да го посетат дилерот за да го решат техничкиот проблем.

Проблемот произлегува од навртките што се користат за цевката за гориво под висок притисок. Тие можат да се олабават со текот на времето, што може да доведе до истекување на горивото. Како и да е, во најлош случај би избувнал пожар. И автомобилот би вивнал во пламен.

Од 164 автомобили погодени од повлекувањето, портпаролот на McLaren, Роџер Ормишер, изјави за Automotive News дека помалку од 50 всушност се испорачани на клиентите.

Повеќето од засегнатите возила се медиумски возила (ги возат новинарите за да го доловат и пренесат чувството со управување на овој хипер автомобил), или моментално служат како демо возила во дилерите во САД.

За да се реши наведениот погоре проблем, ќе треба да се заменат цевките за гориво под висок притисок. Поправката, секако, ќе се врши бесплатно, во овластените сервиси на британската супер спортска марка на автомобили

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai Mufasa

Регистерска табличка со ознака „R“ продадена за три милиони евра

Најдобри возачи на светот се Јапонци, а најлоши од Тајланд

Популарноста на кинеските возила расте ширум светот

Maserati би можел да направи неколку уникатни модели

Супер-спортист на Lamborghini, со делови“ од пристапни секојдневни модели!

Како би изгледало кога Bugatti, Porsche и Rolls-Royce би произведувале камиони?

VW ја разгледува можноста за електричен pick – up наменет за пазарот во САД

Ineos планира повеќе нови модели вклучувајќи и два електрични