Речиси 1,1 милион автомобили на струја произведени од Теslа Моторс беа отповикани, денеска, во САД поради дефект што може да предизвика повреди…
Производителот на електрични возила од САД, Tesla издаде официјално повлекување на вонредна посета во овластените сервиси за над милион возила.
Како што е наведено, се работи за неисправност на автоматското затворање на прозорецот што без правилен систем за враќање наназад може да го зголеми ризикот од повреда со примена на прекумерна сила и заробување на возачот или патникот при затворање.
Овој систем тешко ги препознава пречките, односно не реагира правилно кога ќе ги открие.
Тоа значи дека постои реална шанса прозорецот да продолжи да се затвора и покрај препреката која можеби е дел од човечкото тело, па јасно е дека овој неуспех во голема мера го зголемува ризикот од повреда.
Ова масовно отповикување влијае на Model 3 (2017-2022), Model Y (2021-2022), Model S и Model X.
Компанијата Теslа и објави на Националната служба за безбедност во сообраќајот дека ќе спроведат „преку воздух“ односно преку далечинско ажурирање на програмата, за регулирање на системот за автоматско затворање на прозорци.
Како што велат од Теslа, досега не добиле поплаки, пријави за несреќи, повреди или смртни случаи кои би биле поврзани со спорниот дефект на системот.