Германскиот производител на автомобили е принуден да повлече повеќе од 61.000 возила на глобално ниво….
Како што пишуваат германските медиуми, BMW имал проблеми со софтверот на голем број возила и мора да се повлечат на поправка.
Опфатените модели со ова повикување на вонредна посета во овластените сервиси на германската премиум марка се X3, X4 и X5 произведени помеѓу 2016 и 2022 година, пренесуваат информативните агенции.
Како што беше кажано од баварската компанија, сопствениците на загрозени возила ќе добијат порака да дојдат на сервисот каде ќе се репрограмира софтверот и ќе се отстрани проблемот.
Во принцип, ова е проблем со софтверот што може да го расипе моторот или да доведе до губење на вртежниот момент.
Како и да е до овој момент никој немал доживеано несреќа, оштетување или повреда поради наведениот проблем.