Отповикани повеќе од 250 илјади Ford Explorer

Ford повлекува повеќе од 250.000 примероци на SUV моделот Explorer на пазарот во САД бидејќи неочекувано може да се тркалаат додека се паркирани, пишува Telegraph…

Повлекувањето вклучува одредени примероци на Explores произведени од 2020 до 2022 година а опремени со мотори од 2,3 литри, како и хибриди од 3 и 3,3 литри и 3, 0-литарски ST.

Вклучени се и хибридите Explorer Police произведени во 2020 и во 2021 година и оние со 3,3-литарски бензински мотори.

Во документите објавени од американските безбедносни регулатори се вели дека завртката за прицврстување на задната оска може да се скрши и да доведе до одвојување на погонското вратило.

Ако тоа се случи, ови примероци на SUV моделот на вториот по големина производител на автомобили во Сад можат да се тркалаат дури и ако се паркирани, без вклучена рачната сопирачка.

Документите велат дека Ford има 235 барања за гаранција поради наведените проблеми.

Од Компанијата со син овал во логото велат дека до овој момент не знаат за какви било несреќи или повреди предизвикани, или, пак поврзани со наведениот проблем

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Fiat 500 electric најпродаван EV автомобил во Европа

Mercedes B Class во 2025 година ќе замине во историја

Новиот Mercedes GLC на најавни слики

Tеsla повлекува 130.000 возила

Toyota годинава очекува пад на оперативниот профит

Признанија на списанието Autocar за Питер Шрејер и Kia EV6

Mercedes на вонреден сервис повикува речиси 300.000 автомобили

Можно враќање на GM во Европа

Цените на бензините повторно растат, дизелот поевтинува