Отстранувањето на солта од сите „отвори“ и дупки во возилото основа за заштита на лимаријата

Најдобро е подницата да се испере така што ќе се крене на дигалка, но добро е и ако вработениот во автопералната дополнително се потруди … навистина е важно!!!!

Ако сте возеле по патишта посипани со сол од исклучителна важност е за лимаријата на вашиот миленик на четири тркала како и битните делови на истиот темелно да се исперат.

По зимата, во отворите и процепите се задржува сол, натриев хлорид што со вода создава агресивна хлороводородна киселина (солна киселина).

Истата го забрзува кородирањето, посебно при високи температури, што со убавото време стануваат секојдневни, а кои се како создадени за корозија – оксидирање на лимаријата.

Измијте го и просторот на моторот, бидејќи солта лесно продира и се задржува во внатрешноста.

Притоа немојте да направите грешка , односно темелно заштитете ги  виталните електрични делови и електронски системи.

Прегледајте ги сите оштетувања на лимот, отстранете ја корозијата и премачкајте ги со оригиналната, или со боја со иста нијанса.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Србија патарините поскапеа за 12%!

DS 3 Crossback совршен почеток одличен на EuroNCAP тестот

Škoda Scala воодушеви на EuroNCAP тестот!

Екологија- Ford рециклирани пластични шишиња за подници во автомобилот

VW T-Cros со пет ѕвездички на Euro NCAP Crash Test

До 2025 година VW ветува 36.000 полначи за EV на просторот на Европа!

Наредната зима сообраќајниците наместо со сол ќе се посипуваат со шеќер

Range Rover Evoque пет од пет ѕвезди на тестот за безбедност

Citroën C5 Aircross со максимална оценка за безбедност