Ова се финалистите на Autobest Best Buy Car за 2021

Европското жири составено од  специјализирани новинари од 31 земја на Стариот континент – Autobest ги избра финалистите за наградата Best Buy Car of Europe за 2021 година меѓу кои се најдоа 7 автомобили…

Седум автомобили ќе се натпреваруваат за наградата Autobest Best Buy Car of Europe за 2021 година, -Финалисти се: Citroen C4, Dacia Sandero, Honda Jazz, Peugeot 2008, Seat Leon, Škoda Octavia и Toyota Yaris.

Иако во време на пандемија, жирито на Autobest успеа во своите напори и намери да го одржи традиционалниот настан и оваа година, давајќи и поддршка на автомобилската индустрија која мина низ тежок период.

Покрај тоа  бројката од седум финалисти сама по себе е рекорд кога станува збор за оваа награда, што пак е одлична вест за самата индустрија.

Во секој случај, европското жири ќе се состане во Теесдорф, Австрија каде што ќе се одржи финалниот тест на седумте финалисти. Жирито ќе додели осум награди во неколку категории како Manbest, Companybest, Ecobest, Designbest, Tehnobest, Safetybest, Smartbest и Sportbest, а во следните неколку недели ќе бидат познати и добитниците на наградите.

Целата церемонија ќе се одржи следната година, а годинешното издание се одржа во Мајнц, Германија на 13 февруари. Гласањето ќе биде транспарентно со комплексна матрица од 13 критериуми со кои подоцна се одлучува победникот и добитникот на главната награда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста

Произведени 200.000 BMW i3

Volkswagen ID.3 и Polestar 2 со титули во изборот за автомобил на годината 2021 година во Германија

Peugeot го стартува дигиталниот Salon Peugeot