Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Се чини дека и последниот отворен пат со делници без лимитирање на брзината ќе стане историја, или можеби не ? Се е во рацете на политичарите…

Сепак се уште не се знае дали со предлогот на зелените активисти во Владата ќе се согласат најголемите партии во парламентот CSU и SPD, или пак истиот ќе го отфрлат и ќе ја сочуваат „слободата“ на возење во однос на максималната брзина  …

Сето ова по малку потсетува на познатата поговорка : на се што е добро му доаѓа крај, па од тоа не е исклучок и оваа приказна. Владата во Германија го одби предлогот за лимитирање на брзината на германските автопати, но тука приказната не завршува.

Партијата на „Зелените“, сега темата за лимитирање на брзината на 130 km/h на Autobahn ја пресели во парламентот каде е под голем знак на прашање како ќе помине, пишуваат специјализираните магазини.

Имено, познато е дека на делови на автопат во Германија нема ограничувања на брзините, a Зелените сакаат на таа пракса да и дојде крајот и тоа пред се од еколошки , а потоа и од безбедносни причини.

Во коалицијата што владее нема „хорско пеење“, односно не е заземен единствен став, министерот за сообраќај Андреас Шеуер (Andreas Scheuer) од партијата CSU е против ограничувањето, a во другата голема партија во власта, SPD на ограничувањето на брзината едноставно речено гледаат благонаклоно.

Останува да почекаме и да видиме дали CSU и SPD сепак ќе се договорат и ќе го отстранат овој предлог за закон за лимитирање на брзината на Autobahn поднесен од Зелените.

Исто така и синдикатот на полицајците го изнел својот предлог.

Имено тие се на ставот дека во нивниот домен не се еколошките прашања, но потенцирале дека сакаат да има ограничување на брзините, пред се поради безбедност во сообраќајот.

Каква ќе биде одлуката на парламентот зависи од договорот помеѓу политичарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите