Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Животот на екстравагантниот хипер спортски автомобил по к0ј знае кој пат продолжува и „како мачка“ постојано се враќа на сцена иао од дамна е најавувано последното издание…

Сега Pagana Huayra се ревитализира во  уште едно ексклузивна верзија, познато како Imola, што доаѓа во ултралуксузно и ограничено издани.

Специјалната  Pagani Huayra под името Imola  ( тана каречена по легендарната патека Autodromo Internazionale Enzo e Dino Ferrari во Имола на која се возеа трките за Големата награда на Сан Марино и Италија во Formula 1 шампионатот), треба да го означи онечниот крај на производството на Huayra и доаѓа по Huayra BC Roadster  од 2019 година, по цена 2,8 милиони фунти и именувана е по првиот купувач.

Pagani Huayra Imola е тестирана и развивана долго време на истоимената патека, а од компанијата велат дека станува збор за „најтешкиот тест кој некој автомобил на Pagani некогаш го минал“и дека автомобилот, благодарение на Pirelli Trofeo гумите и Brembo карбон-керамичките сопирачки ќе биде лесен за управивање.

Pagani Huayra Imola ќе биде произведена во само пет примероци, исто како и  Cinque верзијата на претходникот на Huayra, Zonda. а ќе чини по пет милиони евра, без давачките , а веќе сите се распродадени.

Погонот на Imola е подобрена верзија на агреагт од стандардната Huayra креација на Mercedes-AMG, со работен волумен од  6,0-литари, twin-turbо бензинец со 12 цилиндри поставени во форма налатинската буква V, со моќност од 827 КС и 1.100 Nm вртежен момент  (за 107 КС повеќе од Huayra BC) .

Автомобилот е тежок само 1.246 kg благодарение на употребата на карбонски влакна и титаниум во конструкцијата на шасијата, а од компанијата велат дека новиот Acquarello Light системот за лакирање „заштедува“ пет килограми во однос на конвенционалното лакирање.

Сличноста меѓу Imola и Huayra BC е воочлива, но моделот за патеката има голем вентилациски отвор на покривот, голем заден спојлер и дифузор кој ја подобрува аеродинамиката, а Huayra Imola уште има и дотеран aero body пакет.

Нејзиниот габарит изнесува:  должина од 4853 mm, широчина – 2035 mm и  височина од 1269 mm, додека растојанието помеѓу оските изнесува  2795 mm.

„Не може да се рече дека е елегантен автомобил, сакавме ефикасен автомобил и гледавме F1 едносед, што не доведе до дизајн на автомобил со подобра аеродинамика. Тие детали не одат во корист на линијата и естетиката на возилото, но ни овозможуваат да го подобриме времето на кругот, да го олесниме возењето и да ја зголемиме безбедноста“, изјавил Хорацио Пагани, основач и сопственик на Pagani.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обновената Porsche Panamerа постави нов рекорд на Нирбургринг

Идеално решение за SUV на Ferrari

И Tesla отвара фирма за тјунинг на автомобили

Alfa Romeo Giulia  со над 400.000 поминати километри

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!