„Паметни очила за дијагноза“ на BMW и MINI

Сервисерите во претставништвата и дилерствата на  BMW и MINI ќе се обидат да ги забрзаат поправките со помош на новите TSARAVision паметни очила

Сервисерите на автомобили, особено на современите преполни се технолошки иновации честопати во својата работа се наоѓаат во независна позиција да пребаруваат некоја потребна информација во сред работа.

Тоа е вистински проблем, кој BMW од Северна Америка се обидува да го отстрани со помош на новите TSARAVision паметни очила.

Наменети за употреба од сите сервисери и дилери на BMW и MINI во САД, паметните очила ќе им овозможат на техничарите да комуницираат со експерти од BMW Северна Америка и да им покажат директно преку видео што е она што тие го бараат.

Експертите од БМВ, исто така, можат да испраќаат шеми и упатства чекор по чекор до очилата за да помогнат во поправките побрзо и полесно.

Механичарите (информатичарите), ќе можат да отворат и да гледаат документи преку гласовни команди додека работат на автомобил.

Освен паметните очила, тие ќе го користат новиот технички информациски систем на компанијата наречен TIS 2.0, што претставува мултимедијална платформа, развиена со повратни информации од сервисите техничари.

Системот ќе им овозможи на всервисерите во овластените сервиси да пристапат до техничките информации за сите модели на BMW и MINI на кој било мобилен уред и така ќе можат да ја пребараат потребната информација многу побрзо преку своите паметни телефони, без да запрат со работата и да одат пред компјутерите .

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mach- E – новиот Ford Mustang на струја и тоа не е единствената новост!

Ajlani Drakuma – уште еден хипер автомобил од ОАЕ

Auto Bild ги додели наградите „Златен волан“ за најдобрите по класи автомобили

Range Rover најави crossover за 2021 година

Седиштата на Ford ќе мерат влажност на воздух,ќе полнат мобилни…

Италијанската полиција во флота добива и Suzuki Jimnу!

Maserati GranTurismo Zeda

Lexus  сопроизведен целосно електричниот модел за 10 дена во Кина

Кои се доверливи а кои треба да се избегнуваат, покажа TUV прегледот на 9 милиони возиламодели