Pandа и понатаму владее на италијанскиот пазар

Колку и да е голема кризата, каков и да е предизвикот, тешко дека некој модел ќе може да ја симне Pandа од тронот во догледна иднина на автомобилскиот пазар во Италија…

Италијанскиот пазар полека се опоравува од последиците од кризата предизвикана од епидемијата на вирусот корона.

Во август, (повторно) најпродаваниот автомобил на Апенинскиот полуостров беше Fiat Panda.

Pandа освои 5.341 нов сопственик во претходниот месец, што е за 11% полошо отколку во истиот период минатата година.

Производителот од Торино е особено горд на фактот што Panda Hybrid е многу добро прифатен на домашниот пазар, па така во август имаше учество во вкупната продажба на овој модел во Италија од дури 42%, односно оваа варијанта е пласирана во 2.444 примероци.

Во првите осум месеци од оваа година, Fiat испорача вкупно 61 158 единици Pandа на домашниот пазар.

Ова е драстично помалку отколку во истиот период минатата година, со пад на продажбата од 36,5%.

Значи, малото дете на Fiat од сегментот А доминираше на италијанскиот пазар, досега, оваа година.

Но, кои се другите бестселери?

На второ место беше братучедот на Pandа од гамата на Lancia Ланчија, моделот Ypsilon, што забележа 24.000 продадени примероци (-40%).

Третото место му припаѓа на Fiat 500X со испорачани 19.259 примероци (-35%), додека четврто е Renault Clio кој достигна 18.000 продадени автомобили. Следува Jeep Renegade со 17.000 испорачани примероци и огромен пад од 45%!

Fiat 500 со 16.000 испорачани возила (-37%) е на шестата позиција на најпродавани автомобили во Италија досега оваа година.

Во Топ 10 се најдоа и Volkswagen T-Roc, Citroen C3, Dacia Sandero и Dacia Duster.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Првиот човек на Cupra е нов шеф во Seat

В. Британија ќе им каже збогум на возилата со внатрешно согорување

Со изедначување на акцизата на екстра лесното гориво доби и животната средина и граѓаните

Салонот за автомобили во Детроит повторно одложен – за есента 2021

Нови камиони на сребрената ѕвезда  Actros F и Edition2

Уште една потврда дека времето на Автомобилски магазини е минато!

Нов скандал во светот на мобилноста-Nikola обвинет за измама!

ЕУ дополнително ги заостри нормите за CO2 емисиите

Колку чини новата S Class на домицилниот пазар