Папараци го „уловија” маскираниот Volkswagen ID.6 на тест возење

Во Volkswagen планираат возилата од електричното семејство ID комплетно да ги заменат традиционалните автомобили со мотори на внатрешно согорување и во нив ја гледа иднината на компанијата…

Минатата година Volkswagen го претстави концептот ID Roomzz, а сега на улиците е забележан прототип на автомобилот за кој многумина најавуваат дека ќе го понесе името ID.6.

Патем оваа креација е базиран токму на минатогодишниот концепт.

Од Volkswagen порачуваат дека ID.6 ќе биде базиран на MEB платформата на компанијата, а целосно ќе го надмине ID.4 кога станува збор за димензиите.

За разлика од ID Roomzz, кој се карактеризираше со лизгачки задни врати, ID.6 ќе има стандардна конфигурација, а покрај камуфлажата која неодоливо потсетува на Peugeot, може да се каже како ќе изгледа возилото, барем кога станува збор за формата.

По она што може да се види, ID.6 ќе биде мошне сличен на ID.4.

Секако, неколку дизајнерски елементи ќе бидат поразлични, а зголемувањето на големината го прави ID.6 сосема поинаков во однос на ID.4 и ID.3.

Според Volkswagen, ID Roomzz нуди повеќе простор од Touareg, а можеме тоа да го очекуваме и тука.

Растојанието помеѓу оските од 2.965 милиметри исто така би можело да биде преземено од страна на ID.6, иако во ентериерот со сигурност нема да има ротирачки седишта како што беа покажани во концептот.

Кога станува збор за погонската конфигурација, не се знае многу но во концептот беа спарени два електромотори за вкупни 306 КС, овозможувајќи спринт од место до 100 км/ч за 6,6 секунди и 180 км/ч максимална брзина. Автономијата на движење изнесува 450 км според WLTP протоколот на мерење.

Во внатрешноста треба да се најде целосно дигитален кокпит, многу малку копчиња и материјали со повисок квалитет отколку во ID.4.

Од VW истакнуваат дека ќе го опреми електричниот автомобил со најновиот информативно – забавен софтвер и системи за асистенција.

Она што ги ионтересира купувачите секако е кога Volkswagen ID.6 ќе биде претставен.

Се очекува промоцијата да биде во текот на следната 2021 за моделска 2022-ра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Перформанс електричниот Ford Mustang Mach-E GT пристигнува во Европа

Peugeot 508 PSE официјално претставен

Новите модели на Volvo со специјални системи за пречистување на воздух

Најавен електричен Ford F-150

Toyota Yaris на Euro NCAP crash Test освои 5 ѕвездички

Volkswagen се пофали со можностите поточно со ефикасното полнење на ID.4

Daimler ги претстави водородниот камион и електричниот Actros

Kia Motors ја забрзува деловната трансформација да стане водечки EV бренд

Пристигна Lucid Air убиецот на Tesla – закана со основа