Папата доби Toyota Mirai Hydrogen автомобил

Откако на подарок доби Renault, а потоа и Lamborghini Huracan, кој го благослови и веднаш го испрати на аукција за добротворни цели, се чини дека новата „еко“ мобилност пристигна пред вратите на Ватикан и во возниот парк на Папата…

Папата Фрањо од католичката бискупска конференција на Јапонија (CBCJ) како подарок добил  Toyotа Mirai, автомобил со погон на водород, што е специјално прилагодена на неговите потреби за мобилност.

Како што пренесуваат медиумите на церемонијата на примопредавањето во близина на резиденцијата на папата во Ватикан, уважениот Отец Доменико Макото Вада (Domenico Makoto Wada претставник на јапонската католичка епископска конференција) и неговата екселенција Сеиџи Окада (амбасадор на Јапонија во Светата столица).

Toyota била застапена од делегација од шест лица предводена од Мигел Фонсека (Miguel Fonseca постар потпретседател на Toyota Motor Europe Тојота Мотор Европа) и Мауро Каручио (Mauro Caruccio извршен директор на Toyota Motor Italia ).

Автомобилот е едно од двете возила Toyota Mirai  специјално произведени од Toyota и донирани на CBCJ за мобилност за време на посетата на папата на Јапонија во ноември минатата година.

Должината на Mirai „папамобилот“ е 5,1 метри, а висината (вклучувајќи го и покривот) е 2,7 метри, што му овозможува на Папата да стои и луѓето да може во целост да го видат.

Mirai (наречен по збор што на јапонски значи „иднина“) е првиот масовно произведен водороден автомобил, лансиран во 2014 година.

Тоа е автомобил со нула емисија на штетни гасови.

Користејќи водородни горивни ќелии за напојување на електричниот систем, Mira не испушта ништо друго освен водена пареа од излезната цевка, а досегот е 500 км со едно полнење на резервоарите со водород.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимен мистериозен Bugatti

De Tomaso станува американска марка

Fiat Moby за помалку од 6.000 евра но во Јужна Америка

Во Берлин со регистерски таблички и за велосипеди!?

Возачите во Британија нема да смета ниту да држат мобилни во рака

Вгодина Škoda Enyaq iV Coupe!

Alfa Romeo Stelvio Quadrifoglio SUV на годината!

McLaren Elva Gulf Theme by MSO

Bugatti Type 251 Evo концепт