Partisan Motors најави специјални издание на Lada Niva

Звучи како првоаприлска шега, но Partisan Motors постои, доаѓа од Германија и најавува луксузна Nivа која нема да се нуди на рускиот пазар…

Неверојатната вест ја понуди германска компанија за која веќе пишувавме кога најавија теренец со исклучително едноставна конструкција.

Сега тие најавија специјално издание на 50-годишнината на Niva (50th Anniversary).

Не, не е забуна, Niva е малку помлада и неодамна го прослави својот 40-ти роденден.

Но, фабриката каде што се произведува има 50-ти роденден.

Германските „ partisani “ од Магдебург избраа многу пораскошно издание за патување во шумите. Taa Niva ќе биде опремено со нови браници, теренски гуми BF Goodrich, а на покривот ќе бвиде поставен голем носач.

Внатре има кожни седишта, плочка со серискиот број и некои други додатоци. Податоците за моторот се непознати, но се претпоставува дека под хаубата се наоѓа истиот 1,7 –литарски, со четири цилиндри атмосферски бензинец, со 84 КС.

Компанијата најави 50 примероци, сите ќе бидат понудени на германскиот пазар.

Позната е и цената, а се движи од 19.900 евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ford Focus RS RX на Кен Блок продаден за 200.000 долари

Вака би можел да изгледа новиот Volkswagen Corrado и ни се допаѓа!

Нај-непристојни се возачите на BMW

Шведска станува вселенска сила- најавува лансирање на сателити

И Ferrari отповикува автомобили!

Најскапа гаража во светот

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Dacia Duster Pick- up!

Скејборд голем колку лаптоп и на струја доаѓа од Јапонија