Патниот компјутер намерно покажува од 50 до 80 km помала автономија на резерва!

Потрошувачката на гориво се одредува на посреден начин, базирано врз информации од сензорите кои ги следат параметрите на возењето, a „непрецизноста“ е намерна, поради намалување на ризикот да останете без гориво во возењето…

Моменталната и просечната потрошувачка на горивото кај автомобилите, што се покажува на дисплејот на патниот сметач (Board Computer) ги одредува индиректно (на посреден начин), а базирано врз информациите добиени од сензорите што мерат / покажуваат:

брзината на вртење на моторот (1/min)

брзината на вртење на тркалата (1/min)

вклучениот степен на пренос на силата во менувачот на брзини

степенот на притисок врз педалот за гас (акцелераторот)

притисокот на воздухот што се шмукува (MAP)

– притисокот на пред набивање ( се разбира само кај моторите надградени со турбо полнач).

Првите генерации на тој систем биле непрецизни, a новите се прецизни, во рамки на неколку проценти, плус или минус.

Автономијата на возење со горивото во резервоарот на возилото, пред се поради безбедносни причини , се одредува покусо  од реалната и тоа за 50, со 80 km.

Тоа значи дека намерно е непрецизен, поради сигурност, бидејќи може да биде многу опасно ако автомобилот остане без гориво на пример во тунел, на надвозник, потоа во непрегледни свиоци …, a и секое друго сценарио  кога ќе останете без капка гориво, во секој случај, е штетен и претставува потенцијална опасност и за возачот и патниците, но и за другите учесници во сообраќајот …

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!

Audi: Наследникот на култниот бренд со четири споени круга славви 110 години

Новата ŠKODA SCALA доби 5 ѕвезди за безбедност од Euro NCAP