Пазарот во Германија полека заздравува

Германија, како и скоро сите други европски земји, беше погодена од кризата со вирусот корона, а социјалното дистанцирање и изолацијата први влијаеле на купувањето на автомобили, што во економски најсилната земја во Европа доживеа помал пад одошто во медитеранските земји…

Агенцијата McKinsey направила истражување во Германија на 1.000 испитаници кои сакале да купат нов автомобил пред избувнувањето на пандемијата COVID-19.

Процентот на луѓе кои сè уште биле заинтересирани да ја продолжат постапката за купување ново возило кон средината на минатиот месец била 68%.

Сепак, 44% од испитаниците истакнале дека не виделе нови, дополнителни попусти за привлекување клиенти.

Недостатокот на пари ги принуди многумина посериозно да ја земат опцијата за лизинг, па така, сега 26% од луѓето би го искористиле овој систем, што претставува зголемување од 9% во однос на бројот што е забележано пред епидемијата од корона вирусот.

Германската влада во моментот е под голем притисок од лидерите на автомобилската индустрија, кои инсистираат да обезбедат субвенции за физички и правни лица за набавка на нови возила.

Останува да се види дали германските власти ќе се откажат од моќната автомобилска индустрија.

Бидејќи во Германија веќе се организираат масовни протести против доделувањ на финансиска помош на автомобилската индустрија, односно на производителите на возила!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили

Maserati Ghibli Hybrid со премиера на 16 јули