PD One автомобил што лета инспириран од Ferrari

Автомобилите што летаат веќе не се така далечна иднина, а еден таков многу потсетува, според линиите, на болидите на Ferrari со кои се освоени две титули во светскиот шампионат во Formula 1…

Некои работи што се однесуваат на иднината на Ferrari веќе се познати– ќе видиме уште хибридни модели, почнувајќи од SF90 што ќе се појави тековната 2020, a 2022 година се очекува нивниот SUV модел, што ќе го носи името  Purosangue.

Но сепак во Маранело се уште не почнале да работат на автомобили што летаат, иако модел со слична става на креации на Ferrari се појавил како прототип на летачки автомобил.

Според неофицијален извор, тој летачки дрон ќе има агрегат со 12 цилндри поставени во форма на латинската буква V (V12) и три пропелери, пишува специјализираниот магазин  TopGear, од Велика Британија.

Имено, студиото за дизајн  Lazzarini Design, од Италија, на својот канал на YouTube објави футуристички видео запис на автомобил што лета и му дал име  FD-One.

Овој, потенцијално, тркачки автомобил има три пропелери и инспирација има во моделите од 1950-те години  – многу е сличен на Ferrari 500, тркачки автомобил со кој Алберто Аскари (Alberto Ascari ) ги освоил своите први две титули на Светски шампион во Formulа 1,  во 1952 и во1953 година.

Летачкиот автомобил FD-One би требало да има три коаксијални електрични пропелери а погонот би требало да биде  V12 мотор со три одвоени акумулатори.

Од компанијата Lazzarini тврдат дека тоа нивно возило е малку подолго од седум метри и полесно од 1.000 kg.

Исто така тврдат дека може да постигнува брзини од 500 km/h, поради што отворената кабина за пилотот и не претставува некое најсоодветно решение.

Од Lazzarini, во овој момент, бараат инвеститори што се подготвени да вложат во изработка на нивниот прототип…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови Audi E-Tron S модели, практични, брзи и подготвени на се!

Porsche 911 Turbo со поминати над 1,16 милиони километри

Новиот модел на Maserati ќе се вика MC20

Од DS најавуваат два нови модели!

Nissan создал приспивна псна за деца што добро спијат само во автомобил!

Колкав период од животот европските возачи „губат“ барајќи паркинг!

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Видео реклама: Новиот Land Rover Defender во новиот филм за Џејмс Бонд

Glickenhaus 007- Тркачки еспрес