Пддновен, понапреден, поефикасен и побогат Fiat Tipo пристига во втората половина на 2020

Италијанската автомобилска марка сега е во период на освежување на понудата во C сегментот, каде е застапена со моделот Tipo, што инаку се произведува во Турција…

Моделот Fiat Tipo e автомобил што со својата цена, повеќе од успешно, им конкурира на моделите на Daciа.

Поради тоа е многу интересен за купувачите во регионот, односно и за нашите потенцијални купувачи.

Сепак, негова вистинска цел е пазарот во Турција и земјите на Магреб . Всушност овој автомобил и се произведува во Турција, но таму се продава под името Egea.

Моделот Tipo се натпреварува во конкурентниот C сегмент но минатата 2019 година забележа голем пад во продажбата и на Стариот континент е пласиран во само 85.000 примероци.

И иако се верувало дека Fiat само благо ќе го ажурира овој свој модел што е некаде на средината на својот пазарен век во оваа генерација, последните информации велат дека дотерувањето и естетските зафатите ќе бидат значително поголеми и потемелни.

Можеби и најважната вест е дека ќе се приклучи и нова верзија што ќе ја понесе придавката Cross.

Како што и може да се заклучи од името таа верзија кокетира со crossover моделите.

Имено, Tipo Cross ќе има зголемен клиренс и ќе доаѓа во конфигурација со пет врати, што ќе ми го донесе саканото ниво на практичност.

Во однос на ефектите на пандемијата од корона вирусот тие во потполност ќе се почувствуваат дури во втората половина на тековната 2020 година, a со ниска цена и добра алтернатива на популарниот SUV сегмент Tipo Cross би можел да има солиден пазарен успех.

Врз основа на тоа што може да се прочита кај колегите од Италија ре-стилизиран  Tipo ќе донесе и блага измена на надворешноста.

Најверојатно тие промени ќе се однесуваат на поинаквиот изглед на светлосните групи како и на поинакви одбојници, додека во внатрешноста ќе се оди чекор понапред во секој сегмент.

Имено Fiat ќе постави нова централна конзола, или барем така се очекува, a една од добивките ќе биде и нов екран чувствителен на допир, за управување со информативно забавниот систем.

Покрај промените во однос на естетиката, ќе има и зафати под капакот на моторот.

Се очекува освежениот Tipo да добие технологија на благ хибрид и тоа кај агрегатите со работен волумен од 1,0 и од 1,3-литри, бензински мотори.

Веруваме дека и дизел агрегатите ќе добијат одредено подобрување, се со цел да се постигне пониска емисија на штетните гасови.

Инаку Италијанците би требале да ја понудат на пазарот подновената изведба на Tipo во втората половина на тековната 2020 година

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотки и детали за Hyundai Prophecy

Иако се уште не е во продажба за него стасала над 600.000 нарачки

Годинава Volkswagen со plug in hybrid погони во Tiguan и Arteon

Alfa Romeo GT Junior на струја и со повеќе од  500 КС

Претставен Genesis G80, лимузина “џелат” на Mercedes Е класа…

Баварците подготвуваат лимитиран број X5 изведби со погон на хидроген за 2022

Во план и Hyundai Elantra N

Нови фотографии на продукциската верзија на Peugeot 508 PSE

Наследникот на Toyota GT86 доаѓа идната година?