Пекинг прв салон за автомобили по корона вирус пандемијата

Вчера во Пекинг беше отворен саемот за автомобили „Кина 2020“, каде реномирани изложувачи, до 5 октомври, ќе презентираат голем број новини истовремено почитувајќи ги мерките за заштита од корона вирусот, и фактот дека ова е прв саем за автомобили што се одржува кога Светската здравствена организација (WHO) прогласи пандемија.

Информативните агенции пренесуваат дека претставниците на изложувачите се соочуваат со интензивни мерки за контрола на усогласеноста со епидемиолошките прописи, вклучително и карантин за посетители од странство и ограничување на бројот на присутни на настанот, кој традиционално е полн со гледачи. Прес-конференцијата по повод отворањето на саемот се одржа преку меѓународна видео врска.

Fорd, Nissan и BMW на првиот ден од саемот претставија електрични автомобили наменети за огромниот кинески пазар, со што бараа шанса да се опорават од претрпената штета за време на пандемијата.

„Саемот за автомобили во Кина е симбол на надеж“, рече директорот на кинескиот BMW AG, Јочен Голер, на отворањето на настанот, обраќајќи им се на новинарите кои носеа маски, но не ја почитуваа физичката оддалеченост. Тој им оддаде почит на кинеските медицински работници за нивната жртва, што „ни овозможи да уживаме во овој важен настан денес“.

Кинескиот пазар на автомобили е најголем во светот и веќе се врати на нивото на продажба пред да се прогласи пандемијата. Набавките во август се повисоки за шест проценти во споредба со истиот месец лани.

На штотуку отворениот големиот саем за автомобили во Пекинг, прв меѓународен собир од тој сектор оваа година, бидејќи сите други беа откажани поради пандемијата на вирусот корона се изложени 800 автомобили, од кои 82 се светски премиери, како одраз на натпреварот  на производителите да освојат уделот на пазарот и да го оживеат интересот на потрошувачите за набавка на нов модел, што беше во криза уште пред пандемијата.

Десетици нови модели на електрични возила се главните sвезди на Саемот, а за некои од нив производителите ветуваат досег од повеќе од 600 кметри со едно полнење на батеријата, што е повеќе од многу модели со класични, бензински мотори.

Ford дебитираше во Кина со својот целосно електричен SUV Mustang Mach-E. Ветува забрзување од 0 до 100 км / ч за 3,5 секунди.

Nissan го покажа својот целосно електричен теренец Ariya за кој вели дека може да помине до 610 км со едно полнење на батеријата.

BMW го претстави својот електричен SUV „iX3“, кој ќе се произведува во Кина и ќе се продава ширум светот. Компанијата подготви и светско деби на својот седан М3 и coupe М4, што го одразува растечкото значење на кинескиот пазар на луксузни возила.

„Саемот во Пекинг е симбол на надежта“, рече денес извршниот директор на BMW, Јохен Голер.

Кинеските млади, но амбициозни брендови исто така агресивно инсистираат на проширување на асортиманот на возила на батерии.

Geely Auto претстави модели кои ветуваат повеќе од 500 км со едно полнење на батеријата. Исто така, кинескиот и државниот GAC New Energy работи на планови за извоз во Европа, а моделот Aion линија вклучува седан на електричен погон и концепт SUV со водородна ќелија

Chery, една од најголемите кинески независни брендови, работи на плановите за извоз на својот SUV –  X70PLUS со бензин во Западна Европа и подготвува поедноставни модели за друг пазар. Штандот на идниот модел на американската Tesla привлече голем број посетители, подеднакво како и моделите од кинески производители.

Пекинг го охрабрува електричниот сектор и се надева дека до 2025 година, електричните возила ќе учествуваат со 25 проценти во вкупниот број, а кинеските компании кои произведуваат електрични возила бележат обновување на интересот на инвеститорот.

На Салонот во Пекинг, кој беше одложен за пет месеци, а како што рековме ќе трае 10 дена, се одржува бидејќи Кина во голема мера успеа да го надмине ширењето на вирусот. На првиот дене имало голем број посетители, но мерките се на сила и употребата на маски е задолжителна, а бројот на билети е ограничен со цел да се намали бројот на посетители во исто време во изложбените сали, но тие сепак се туркаа едни покрај други.

Инаку претходниот саем за автомобили во Пекинг во 2018 година привлече 820 000 посетители, а тоа значи дека Саемот секоја година се одржува наизменично во Пекинг и Шангај.

Кинеската автомобилска индустрија покажува знаци на закрепнување по падот на продажбата од скоро 80 ​​проценти во февруари, кога Кинезите беа принудени да останат дома и кога економијата скоро запре се со цел да се запре епидемијата. Продажбата повторно започна да расте по првиот, многу тежок квартал, па така во август годинава, таа е за шест проценти повисока од истиот месец минатата година, соопшти Кинеската федерација на производители на автомобили.

Сепак, се проценува дека бројот на продадени автомобили во Кина оваа година ќе падне за девет проценти во споредба со минатата година, а продажбата на електрични возила ќе се зголеми во втората половина на оваа година, вели рејтинг агенцијата S and P.

Познати производители Volkswagen и BMW имаат намера да произведуваат целосно електрични модели во Кина, додека другите производители во странство очекуваат Кина, првата најголема економија да закрепне од пандемијата, да помогне во зголемувањето на продажбата и да ги намали нивните милионски загуби.

Иако се проценува дека продажбата на автомобили во светот може да падне за 20% оваа година, S and P очекува дека Кина ќе биде единствената што ќе успее да се врати на обемот на продажбата од 2019 година во следните две години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бракот на РSA и FCA добива „амин“ и од европските власти

Понудата на Dacia драматично се менува

Цената на бензините продолжува да паѓа 

Осветлената „ѕвезда со три крака“ причина за масовно повлекување на SUV модели на Mercedes

Макпетрол совети за патување со автомобил низ регионот

Саемот во Њујорк поместен за август следната година

Нов шеф на дизајнерскиот центар на SEAT

Renault performance моделите ќе го носат беџот на Alpine

Цената на бензините оди долу а на дизелот останува иста