Петерхансел јуриша кон нова круна на Дакар рели!

На релито Дакар ништо не е готово до самиот крај, и сè што е постигнато може да исчезне за еден момент, но по 9-та етапа, долга 465 км, што се возеше на камен и покрај речните корита околу биваците во Неом, францускиот возач, кој не случајно се нарекува господин Дакар, има голема шанса да стигне до својата 14-та победа на легендарниот off road маратон…

Потсетуваме Стефан Петерхансел  (Stephane Peterhansel), првпат започнал да се натпреварува на Дакар пред 22 години, во 1988 година, со мотор Yamahа. Годинава на 9-та етапа тој реши да вози тактички и да ги спаси своите X-Raid Mini JCW но и гумтеи, а ваквите тактики се покажаа плодни.

На само три етапи пред крајот на релито Дакар 2021 година, тој има предност од над 17 минути пред главниот ривал Насер Ал-Атијах (Nasser Al-Attiyah), кој имал дури три дупнати гуми, и со тоа значително ги намали шансите за освојување на четвртата титула.

Од друга страна, има уште многу да се вози на преостанатите три етапи, па затоа не треба да го прогласуваме Петерхансел за победник.

За мотоциклистите, веста на денот е падот на возачот на КТМ и кандидат за победа Тоби Прајс (Toby Price), кој имаше несреќа 155 км по стартот, а при падот ги повреди раката и рамото. Крај него 15 минути бил тимскиот колега  од Red Bull KTM  Сем Сандерленд (Sam Sunderland ), сè додека хеликоптерот не го евакуираше Прајс. Сепак, ниту Сандерленд немаше среќа. Нешто подоцна, тој исто така доживеа пад и во таа прилика го оштети системот за навигација. Сепак, тој успеа да стигне до целта четврти, а во генералниот пласман го задржа третото место со 14 ипол минути заостанување зад водечкиот Чилеанец Хозе Игнасио Корнехо Флоримо (Jose Ignaciо Corne Florimo) во од фабрикиот тим на Honda.  Хозе Игнасио Корнехо Флоримо пред второпласираниот, исто така фабрички возач на тимот на Honda, сега има убава предност од над 11 минути.

Кај  камионите, Kamaz повторно се приближува до целосна прослава, со оглед на тоа што трите негови екипи цврсто ги држат водечките позиции во генералниот пласман, а Дмитриј Сотников има предност од над 45 минути пред неговиот тимски колега Антон Шибалов.

Во конкуренција на лесни возила лошо помина тинејџер за кого многу се зборува.

Сите надежи за победа на Американецот Сет Квинтер (Seth Quinter) завршија со откажувањето на моторот на неговиот Can-Am OT3 side by side .

Релито Дакар продолжува со 10-та етапа од Неом до Ал Ула со специјален испит долг 342 километри.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спринт квалификации на три трки во Formula 1 во сезоната 2021

FIA иницира нова тркачка класа на електрични болиди

Фантастичен резултат на Македонците на „Хунгароринг“

F1 ги премести квалификациите поради погребот на принцот Филип

Мајами од наредната 2022 година во календарот на F1

Кам-бек на „ТВИНГОВЦИТЕ“: Сезоната стартува викендов на  „Hungaroring FIA CEZ“

Како се тестира (малтретира) Porsche 911 GT3

WRC шампионатот од следната сезона поаѓа во хибридна иднина

Новата електрична Kia EV6 за еден ден освои 21.000 купувачи во Ј. Кореја