Peugeot 108 и Citroen C1 веќе не се произведуваат

PSA се подготвува за планирано спојување со Fiat-Chrysler, а некои од моделите што би можеле да престанат да се произведуваат се Peugeot 108 и Citroen C1

PSA во моментов е во процес на преиспитување на некои од своите стратегии, бидејќи наскоро ќе се спои со Fiat-Chrysler кога ќе се формира Stellantis.

Како дел од преуредувањето, францускиот производител најверојатно ќе се збогува со своите два најмали автомобили на европскиот пазар.

Иако во моментот ништо не е сигурно, извештајот на Automotive News, притоа  повикувајќи се на три извори на Reuters, тврди дека Peugeot 108 и Citroen C1 се соочуваат со исклучувања oд понудата поради слабиот интерес за истите на пазарот, но и поради еко-нормите.

Поради строгите еколошки норми, производителите на автомобили сметаат дека е сè поскапо и потешко да се продаваат возила во овој сегмент со мотори со внатрешно согорување, бидејќи им е потребен скап систем за филтрирање на издувни гасови за да бидат во согласност со законот.

Едноставно кажано, ваквите автомобили повеќе не се економски исплатливи за производителите, па затоа не е изненадувачки што стануваат се почести шпекулациите во оваа насока на заминување на овие модели на депото на историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобили со мала потрошувачка на гориво

Поплавени над 200.000 автомобили, купувачите би можеле да бидат измамени

Поради конструкциска грешка отпаѓаат делови од Tesla Model 3!

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Миење на моторот може да донесе повеќе штета одошто корист

Добро е да го вклучите клима уредот и во есен и во зима

Производители на гуми што подобро да не се ваш избор

Total ја купува најголемата мрежа електрични полначи во Лондон!

Кои автомобили најчесто се расипуваат, дизел, бензински, хибридни, plug-in хибриди