Peugeot 204, модел што означи пресвртница во марката

Бестселер на Французите во 1969, 1970 и 1971 година, лансиран е на автомобилската сцена неколку години претходно, поточно на 23 април 1965 година

Најважното во куси црти кај овој модел е дека е тоа првиот Peugeot со погон на тркалата на предната оска, потоа дека се произведувал во форма на каросерија на компактен седан, кабриолет и купе, како и караван .

Неговото срце бил алуминиумски OHC бензински мотор со работен волумен од 1.1-литри, со четири цилиндри и моќ во распон од 53 до 59 KS, a воедно е и првиот автомобил во класата што вградувал дизел агрегат!

Токму така, пред точно 54 години во престолнината на Франција – Париз е претставен моделот Peugeot 204, еден од најуспешните и нај наградуваните модели што кога и да е се појавил на автомобилската сцена.

Во однос на дизајнот е дело на мајсторот во оваа област – легендарниот Пининфарина (Pininfarina).

Бил прв модел, како што спомнавме, на марката што имал погон на предната оска и со себе донел технолошки напредно решение на агрегат со блок изработен од алуминиум и со брегасто вратило во главата (OHC), поставен во склопот над менувачот и над диференцијалот, што овозможувало ослободување на дополнителен простор во патничката кабина.

До 1976 година произведен е во повеќе од 1,6 милиони примероци, па Peugeot во ерата на производството на моделот 204 не само што скокнал од четвртото место на второ, по бројот на продадени автомобили во Франција, оставајќи ги зад себе Citroën и Simcа, туку и ја преземал сопственоста над овие два конкуренти!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воената полиција на Русија вежба возачки вештини!

Најбрз блиндирана автомобил на светот !

Polestar и Koenigsegg ќе „танцуваат” заедно!

DMC Ferrari 812 Superfast Spia

Hennessey Performance Jeep Grand Cherokee Trackhawk со1012 KС

Mazda RX-Vision GT3 (2020): Со „огнено крштевање“ на PlayStation повикува на враќање на Wankel мотор

Ќе ја биде – нема да ја биде – Alpine ќе опстане како производител на електрични возила

Spiderman ќе вози Hyundai Sonata

Најпознатиот автомобил на Џeмс Бонд повторно во производство- Цена „боли глава”